Управниот суд ги уважи повеќето тужби од владејачката коалиција за гласањето во општините Центар и Струга. Претседателот на судот Исмадин Лимани поднесе оставка од функцијата.
Прегласување на вториот круг од локалните избори ќе има во општина Центар и Струга по одлуката на Управниот суд да ги уважи повеќето приговори од страна на ВМРО ДПМНЕ.
Управниот суд попладнево уважи 32 од вкупно 34 тужби на ВМРО-ДПМНЕ за решенијата на Државната изборна комисија за гласањето во вториот круг во скопската општина Центар. Извесно е дека во оваа општина ќе биде повторен вториот круг од гласањето.
Судиите уважија и 7 од вкупно 8 тужби на ВМРО-ДПМНЕ за општина Струга, што значи дека со двата преговора од ДИК ќе прегласува на 9 избирачки места, што исто така може да влијае на резултатот.
Претседателот на Управниот суд Исамедин Лимани некои од медиумите јавија дека поднел сотавка, откако Управниот суд ги поништи победите на Андреј Жерновски во Центар и на Зијадин Села во Струга.
Во Центар граѓаните повторно ќе избираат меѓу Владимир Тодоровиќ, кандидат за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Андреј Жерновски од „Сојузот за иднината“ предводена од опозициската СДСМ. Во Струга, пак, ќе се гласа за Владимир Кочоски, кандидат на коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и Зијадин Села од ДПА, кој доби поддршка и од ДУИ.
Кандидатот за градоначалник на општина Центар од „Сојузот за иднината“ Андреј Жерновски изјави денеска дека ќе се борат до крај и најави дека ќе извојува поубедлива победа на повторениот втор круг од локалните избори.Според него, оваа одлука на Управниот суд е срамна за демократијата во Македонија и оти мотивот е проектот „Скопје 2014“.
Коалицијата „За подобра Македонија“ и кандидатот за градоначалник на коалицијата Владимир Тодоровиќ го оспорија избирачкиот процес во вториот круг од локалните избори на дел од избирачките места во општина Центар со поднесување на приговори до ДИК. ДИК не ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за Центар, но Управниот суд денеска оспори дел од овие одлуки и најверојатно дека во недела во скопската општина Центар ќе има повторен избор за градоначалник.
Судот денеска одби четири тужби од ДУИ за Студеничани и 30 тужби на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово. До утре Управниот суд треба да се изјасни и за 60-те тужби на СДСМ за одлуките на ДИК за изборниот процес во вториот круг од локалните избори.