Скопје 2014 - Генетски Инженеринг

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Од каде потребата за нови барокни фасади на старите модерни згради? Кој ја одредува естетиката? Колку чини шминкањето на ликот на Скопје? Предраг Петровиќ разговара со архитекти, урбанисти, професори и портпароли на приватни компании кои учествуваат во проектот Скопје 2014. Во рамките на проектот „СК Ретровизор", се истражува отчетноста и транспарентноста на локалните власти во однос на јавните простори, пари и политики. Прилогот е дел од проектот - 10 независни истражувачки стории за капиталните проекти во Скопје.