Опозицијата во нокаут

Познавачите на политичките состојби се категорични дека промени мора да има во опозициски партии и во македонскиот и албанскиот блок. Тие не веруваат дека може да се издигне сосема нова опозициска сила што ќе ги покрие постојните партии, особено СДСМ, но сметаат дека едноставното отстранување на лидерот на партијата не е доволна реформа.
Опозицијата и во македонскиот и албанскиот блок е во нокаут по локалните избори, вели аналитичарот Алајдин Демири. Ваков пораз лидерите на двете најголеми опозициски партии Бранко Црвенковски и Мендух Тачи не доживеале многу оддамна што значи дека отсега па натаму опозициското делување е ништожно и доколку не се поправи веќе нема да може да функционира додава Демири.
Имаат структури, функционираат и тоа доста јако, меѓутоа проблемот е во тоа што тие партии и едната и другата, не собираат гласови. И кога ќе се прави една посериозна анализа се добива впечаток дека не се проблем партиите туку се проблем лидерите, и денеска се појавуваат како огромна пречка на развојот на овие партии.
Алајдин Демири, политички аналитичар.

„Имаат структури, функционираат и тоа доста јако, меѓутоа проблемот е во тоа што тие партии и едната и другата, не собираат гласови. И кога ќе се прави една посериозна анализа се добива впечаток дека не се проблем партиите туку се проблем лидерите, и денеска се појавуваат како огромна пречка на развојот на овие партии.“

За Демири единствено решение е оставка на лидерите на партиите и реконтруирање на внатрешните структури за да можат да конкурираат на следните парламентарни избори.

Мендух Тачи, лидер на ДПА.


Познавачите на политичките состојби се категорични дека промени мора да има во двете опозициски партии. Тие не веруваат дека може да се издигне сосема нова опозициска сила што ќе ги покрие постојните партии, особено СДСМ, но сметаат дека едноставното отстранување на лидерот на партијата не е доволна реформа.
Тоа според мене значи, целосна промена на раководството, промовирање на нова платформа, сосема поинаква стратегија и она што е клучно желба да се модернизира и трансформира партијата.
Владо Бучковски, поранешен премиер.

Поранешниот премиер Владо Бучковски кој неодамна беше исклучен од СДСМ вели дека следниот чекор на СДСМ треба да биде максимални подготовки за мајскиот конгрес за да може партијата да закрепне по катастрофалниот пораз.

„Тоа според мене значи, целосна промена на раководството, промовирање на нова платформа, сосема поинаква стратегија и она што е клучно желба да се модернизира и трансформира партијата за да може на идните избори не да кука дека се судрила со режимот, туку да го победи овој ВМРО-ДПМНЕ, кој очигледно има систем кој функционира и кој на последниве избори им донесе над 400 илјади гласови.“

Демири стравува дека владеачките партии можат повторно да им ги заматат сметките на опозициските партии и да не им дадат доволно време да се реструктуираат.

„Овојпат власта ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ можат да побараат предвремени избори и тоа да го направат со претседателските, што значи на крајот на оваа и на почетокот на следната година, со цел да не дадат време на опозицијата да се консолидира.“

Во анкетата на нашата интернет страница на прашањето дали Црвенковски треба да си замине од лидерската позиција во СДСМ над 60 проценти одговориле позитивно. Неколку пати до сега Црвенковски пред избори ја најавуваше својата оставка но до тоа не дојде. Истиот рецепт го примени и Тачи и тој ја понуди својата оставка, но членството не ја прими.