ДИК отфрли пет приговори за Центар

Локални избори 2013

Државната изборна комисија на денешното продолжение на седницата отфрли пет приговори за гласањето во Општина Центар поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Приговорите главно се однесуваа на нарушување на тајноста на гласањето и агитирање, како и за евидентирање на лични податоци на гласачите од страна на овластените претставници на политичките партии.
По паузата членовите на Комисијата ќе продолжат со разгледување на останатите 61 приговор од ВМРО-ДПМНЕ за Центар и 17 за Струга. Потоа треба да се разгледаат 252 приговори за гласањето во 15 општини поднесени од СДСМ и коалицијата.