Свечен пречек за Тарчуловски во Скопје

Јохан Тарчуловски, кој вчера излезе од затворот во Диц, Германија, каде ја издржуваше затворската казна за воени злосторства во скопското село Љуботен, денеска попладне се очекува да пристигне во Македонија. Здружението на граѓани за поддршка на Јохан обезбеди 50 автобуси кои бесплатно ќе сообраќаат до аеродромот „Александар Велики“ и потоа до плоштадот Македонија. Обезбедени се и 200 автобуси за оние граѓани од внатрешноста на државата кои сакаат да го пречекаат Тарчуловски.

По пристигнувањето во Скопје, предвидено е Тарчуловски да се сретне со премиерот Никола Груевски и да положи цвеќе пред Споменикот на бранителите во близина на Порта Македонија. За неговиот пречек ќе биде организирана и прослава на плоштадот.

Тој беше осуден од Хашкиот трибунал на 12 години, но е помилуван по издржување на две третини од казната.