Опозицискиот „Сојуз за иднината“ денеска организираше протести во Куманово поради тоа што власта ја оспорува изборната победа на актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски.
Никогаш Куманово не било повеќе понижено како тоа што се случи вчера, им се обрати на присутните на протестот пред Општинската зграда во Куманово пратеникот Оливер Спасовски од Сојузот за иднината.
„Ви благодарам од Изборниот штаб на Сојуз на иднината и од мое лично име што се собравте да кажеме не на оваа диктатура. Ни во најцрните денови како што викаат од ВМРО-ДПМНЕ, во комунизмот, не било на ваков начин да сакаат да ставаат градоначалници. Срамота е да се повикуваат луѓе на информативни разговори и да ги прашуваат за кого гласале. Срамота е, меѓутоа никој апсолутно не се плаши и нема да го дозволи тоа. Овде нема партија и нема националност, сите сме едно, сите сме Куманово и сите сме Македонија!“, рече Спасовски.
Протестот е последица на обидот на полицијата од Општинската изборна комисија да ги одземе избирачките материјали со налог на Истражен судија, под сомнение дека имало злоупотреба на избирачко право на три избирачки места, приведување на граѓани на информативен разговор, со намера да се оспори изборниот резултат и победата на Зоран Дамјановски за градоначалник на Куманово. Спасовски и порача на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ:
„Треба барем малку да имаат образ овие од ВМРО-ДПМНЕ. Мислев дека Зоран Ѓорѓиевски барем малку има образ, барем за таков се продаваше во кампањата. Немој докторе да бидеш марионета на ВМРО-ДПМНЕ и да си го уриваш авторитетот, и тоа малку што го имаш, затоа што вчера ти се сруши. Преку полиција да те инсталираат на фотелјата да бидеш градоначалник.“
Тој рече дека очекува сите институции на системот да го испочитуваат и спроведат законот.
„Во Куманово не победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Куманово.“
Дамјановски им упати благодарност на собраните граѓани за победата во Куманово, додавајќи дека е градоначалник на сите.
„Во Македонија и во Куманово гласовите на сите се еднакви. Во Куманово одлучува волјата на гласачите. На 7 април се покажа кој го сака Куманово, кој работел за Куманово, кој има граѓански концепт за Куманово и кој има опција и визија за Куманово. Тоа не им се допадна. И еве 60 луѓе се приведени на информативен разговор. Само да покажат некаков фалсификат.“
Дамјановски посочи дека било невозможно тој да направи фалсификат кога сите членови на комисии, ДИК и сите институции на системот се под државни ингеренции, како и МВР која на денот на изборите била буден набљудувач.
„Јас не можам со волшебни работи да се служам за да направам фалсификат. Замислете 30 приговори без ниедна забелешка на записник. Наспроти сите процедури и избирачки закони се служат да докажат нешто што е имагинација. Кој сум јас и од каква позиција сум можел од 128 избирачки места незабележливо од избирачката комисија да влегувам и да заокружувам ливчиња. Тоа не е можно. Сакаат да направат сценарио, етничка поделба. Сакаат да не скараат. Во Куманово треба да има еднакви права за сите, да биде пример во Македонија. Сите овие денови ќе се бориме да ја докажеме правдата. Ќе успееме да го одбраниме Куманово. Од тука ќе почне да се руши оваа власт. И создавање на една нова Македонија со владеење на правото, демократијата, гордиот човек македонски“, порача Дамјановски и ги повика присутните на протести и наредните денови.
Срамота е да се повикуваат луѓе на информативни разговори и да ги прашуваат за кого гласале. Срамота е, меѓутоа никој апсолутно не се плаши и нема да го дозволи тоа. Овде нема партија и нема националност, сите сме едно, сите сме Куманово и сите сме Македонија!Оливер Спасовски, СДСМ.
ас не можам со волшебни работи да се служам за да направам фалсификат. Замислете 30 приговори без ниедна забелешка на записник. Наспроти сите процедури и избирачки закони се служат да докажат нешто што е имагинација. Кој сум јас и од каква позиција сум можел од 128 избирачки места незабележливо од избирачката комисија да влегувам и да заокружувам ливчиња. Тоа не е можно. Сакаат да направат сценарио, етничка поделба.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.