Политичка внимателност во мултиетничка Струга

Струга.

Политичарите да внимaваат какви изјави даваат и да не ги поткопуваат и така кревките меѓуетнички односи во Струга, порачуваат добрите познавачи на приликите во градот.
Политичарите да внимaваат какви изјави даваат и да не ги поткопуваат и така кревките меѓуетнички односи во Струга и струшко со националистички изјави и пораки, порачуваат добрите познавачи на приликите во градот.
Тоа што беше иницирано за време на изборната кампања со изјави за некакви прошетки по етнички територии создава голема недоверба кај граѓаните. Градоначалниците треба да упатат пораки за смирување, за граѓаните да ги чувствуваат како свои градоначалници.
Рубин Земун, експерт за малцински прашања.

Инцидентот во струшкото село Враништа неколку часа по заршувањето на изборниот процес, а во кој беа инволвирани стотина млади луѓе од сите вери и националности е доволен доказ за тоа.

Рубин Земун, експерт за малцински прашања и професор во Институтот Евро Балкан, вели дека досега говор на омраза кај нас ниту еднаш не е санкциониран, иако последните неколку години имало случаи на говор на омраза и тоа по етничка основа, а имало пријави и до Јавен обвинител.

Новоизбраниот градоначалник на Струга Зиадин Села ја слават изборната победа.


„Во некои модели на Запад, ако Јавен обвинител не реагира на говор на омраза, тој автоматски сноси кривична одговорност. Поради тоа што таквите примери не се санкционираа на време може да дојде до ескалација од поголеми размери. Тоа што беше иницирано за време на изборната кампања со изјави за некакви прошетки по етнички територии создава голема недоверба кај граѓаните. Градоначалниците треба да упатат пораки за смирување, за граѓаните да ги чувствуваат како свои градоначалници“, вели Земун.
Не требаше ова да се случи ова што се случи. Нам ни беше страв тоа да не се рефлектира во училиштето. Не треба само политичарите туку треба секој граѓанин да мисли и да не дозволи такви работи да се случуваат.
Урим Крек, директор на гимназијата во Струга.

Тој посочува дека новиот градоначалник на Струга треба да внимава каква ќе биде неговата политика во наредните 4 години.

„Треба да биде свесен дека Струга отсекогаш била мултикултурна средина и дека не треба да заборави дека даноци не плаќа една етничка заедница или една верска заедница“, вели Земун.

Одреден број на ученици од струшките села како Лабуништа не одеа на настава во Струга по инцидентот во Враништа, поради страв од нови инциденти. Директорот на струшката гимназија, Урим Крека вели дека прават се да не дозволат инцидентите од надвор да се пренесат и во училиштата.

„Не требаше ова да се случи ова што се случи. Нам ни беше страв тоа да не се рефлектира во училиштето. Не треба само политичарите туку треба секој граѓанин да мисли и да не дозволи такви работи да се случуваат“, рече Крека.

Изборите завршија и институциите мора да бидат внимателни. Струга мора да живее мирно и спокојно. Ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Струга без разлика на нивната етничка, политичка и верска припадност порача Зиадин Села кој ја однесе победата во вториот круг од локалните избори во Струга.

„Не треба да има никаква дестабилизација. Во првите 100 дена ќе воведам ред и мир во Струга“, рече Села.