Ни загриженоста на Филе не ги освести пратениците

Еврокомесарот Штефан Филе се поздравува со пратениците членови на Националниот совет за евроинтеграции.

Пратениците велат дека пред да се потпише меморандум за целосна посветеност на евроинтеграциите, има отворени прашања кои треба да се решат.
По вчерашниот повик на еврокомесарот Штефан Филе за потпишување меморандум за посветеност на евроинтеграциите, во политичките партии изјавуваат дека се целосно посветени на овој процес, но посочуваат дека за да се поттурнат работите напред остануваат и други обврски.
Кај СДСМ апсолутно постои целосна подготвеност за евроатланските интегразии на земјата, СДСМ е подготвена тој меморандум да го потпише во оној момент кога ќе биде формирана комисијата за истраги, што е клучниот столб на тој договор од 1 март.
Андреј Петров, СДСМ.

Андреј Петров од СДСМ изјави дека договорот од 1 март вклучува потпишување таков меморандум, но додава дека останува да се воспостави што побрзо анкетната комисија која ќе ги расчисти настани од 24 декември.

Делегација на ЕУ посредуваше во надминување на политичката криза. 1 март 2013.


„Кај СДСМ апсолутно постои целосна подготвеност за евроатланските интегразии на земјата, СДСМ е подготвена тој меморандум да го потпише во оној момент кога ќе биде формирана комисијата за истраги, што е клучниот столб на тој договор од 1 март.“

Со оглед на околностите и фактите дека сите политички партии се посветени на евроинтеграцијата на земјава очекувам дека во наредниот период ќе биде избран и претседател на Комисијата што треба да ги расветли настаните од 24 декември, изјави Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Меѓутоа, за да се придвижи земјава напред, треба политичките партии да воспостават консензус за повеќе отворени прашања, додаде тој.
Политичките партии мора да ги надминат тесните партиски интереси. Клучно е да го исполниме тоа што е договорено како држава, прво околу надминување на спорот со Грција, но и другите отворени прашања или предизвици со кои се соочуваме треба да почнат да се разрешуваат.
Павле Трајанов, Демократски сојуз.

„Политичките партии мора да ги надминат тесните партиски интереси. Клучно е да го исполниме тоа што е договорено како држава, прво околу надминување на спорот со Грција, но и другите отворени прашања или предизвици со кои се соочуваме треба да почнат да се разрешуваат.“

Инаку Трајанов наведе дека веќе има нацрт-верзија на меморандум за посветеност на евроинтеграциите подготвен од ВМРО-ДПМНЕ.

„И со меморандум и без меморандум состојбата е јасна. Се уште не сме го добиле тој нацрт-текст меморандум, веројатно треба повеќе партии да го подготват и тој да се поддржи.“

Инаку првпат откако доаѓа во Македонија, Филе кажа дека самиот тој не е уверен дека Македонија напредува. Притоа порача дека евроинтеграциите не треба да бидат заложник на конкурентноста меѓу партиите. Благодарејќи на Филе, опозицијата се врати во Парламентот. Цел на неговата посета меѓу другото, како што кажа, беше и да ги види резултатите од договорот постигнат во март. Опозицијата очекува меѓу другото да се иницира постапка за измени на деловникот што е обврска од политичкиот договор постигната во март непосредно пред локалните избори. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, тврдат дека сега е вистинско време опозициските партии да се појават во Собранието и да станат конструктивни и прагматични во напорите на земјата да напредува на нејзиниот европски пат.