Филе - Евроинтеграциите да не бидат заложник на политичката борба

Прес-конференција на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.

И покрај големиот труд, јас немам чувство дека имиџот на вашата земја е подобрен во очите на Брисел и главните градови на земјите членки на ЕУ, вели еврокомесарот Штефан Филе.
Сите политички сили треба да останат посветени на европската интеграција за да не остане таа заложник на нивниот политички натпревар, порача еврокомесарот за проширување Штефан Филе по средбата со македонскиот државен врв.
Важно е спроведувањето на договорот од 1 март. Политичарите ја создадоа кризата и тие имаат одговорност да ги надминат нејзините ефекти преку спроведувањето на овој договор. Тие сè уште го немаат сторено тоа, барем го немаат сторено целосно.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување.

„Важно е спроведувањето на договорот од 1 март. Политичарите ја создадоа кризата и тие имаат одговорност да ги надминат нејзините ефекти преку спроведувањето на овој договор. Тие сè уште го немаат сторено тоа, барем го немаат сторено целосно“, рече Филе.

Тој претходно имаше обраќање во Собранието пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции. По меѓусебната расправа на пратениците кој е виновен за случувањата на изборите и на 24 декември, Филе видно изнервиран упати порака дека тие треба да сносат одговорност за спроведување на политичкиот дијалог и ги запраша до кога планираат да чекаат пред вратата на ЕУ.
Запомнете дека слободата на медиумите е основата на демократијата. Прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за неодамнешните локални само го зајакна овој аргумент, со тоа што ги набројаа помеѓу недостатоците пристрасното покривање од страна на медиумите, поради тоа властите треба да обрнат внимание на овие прашања.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување.

„Како изминува времето и покрај големиот труд, јас немам чувство дека имиџот на вашата земја е подобрен во очите на Брисел и главните градови на земјите членки на ЕУ. До која мера мислите дека е важно, до која мера вие мислите дека ние се фокусираме на дијалогот на високо ниво, до која мера мислите дека ние дојдовме да ги надгледуваме сите копенхагеншки критериуми, до која мера мислите дека за нас слободата за изразување е важна? До која мера мислите дека тоа што ние го видовме од настаните од 24 декември е знак за ослабување на најважните демократски институции во вашата земја? Извештајот не е готов, а вие само што придонесовте за него.“

Филе се осврна и на дијалогот влада-новинари и рече дека е срамно што на постигнатиот напредок од лани фрлија сенка настаните од 24 декември. Тој рече дека е неопходно владата да го продолжи дијалогот со новинарите за да може тие да се ангажираат во реформите во тоа поле.
Европската интеграција претставува недвосмислено една од најдобрите алтернативи за Република Македонија, да не кажам и единствената алтернатива за стабилна, мирна и развиена Македонија.
Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.

„Запомнете дека слободата на медиумите е основата на демократијата. Прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за неодамнешните локални само го зајакна овој аргумент, со тоа што ги набројаа помеѓу недостатоците пристрасното покривање од страна на медиумите, поради тоа властите треба да обрнат внимание на овие прашања.“

Премиерот Никола Груевски рече дека Македонија сака да ја материјализира одлуката за почеток на преговори и вели дека земјата има мноштво солидни резултати и аргументи за позитивен пролетен извештај и за позитивна одлука на Македонија на јунскиот самит. Груевски вели дека и покрај политичките предизвици со кои се соочува земјата, има резултати во петте нотирани точки. Што се однесува до точката добрососедски односи, премиерот вели дека со Бугарија се преземаат иницијативи за унапредување на соработката, додека со Грција соработката не е на посакуваното ниво.
Господине комесар, македонските граѓани, како и сите ние присутни тука го ценевме вашиот пристап да ја гледате чашата половина полна, наместо половина празна, тоа даде дополнителна сила и мотивација, тоа беше и е добро и за Македонија и за регионот и за ЕУ, единствен проблем со кој се соочуваме денеска е оние што имаа најголема одговорност за состојбите во државата решија да ја скршат чашата.
Радмила Шеќеринска од СДСМ, претседателка на Националниот совет за евроинтеграции.

„Никој повеќе од Македонија не сака да се отстрани последната пречка што стои на патот за реализација на нашите европски и евроатлански цели. Веруваме дека конструктивниот и активен пристап во надминување на отворените прашања и високиот дијалог со ЕУ дополнително ќе придонесат за создавање на поволни услови за надминување на наметнатиот спор околу името“, рече Груевски.

Што се однесува до медиумите, Груевски вели дека владата е подготвена веднаш без одлагање да го продолжи дијалогот со новинарите за унапредување на медиумската сфера.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими вели дека е препознаен прогресот што го постигна Македонија, но остануваат предизвици со кои треба земјата да се соочи.

„Европската интеграција претставува недвосмислено една од најдобрите алтернативи за Република Македонија, да не кажам и единствената алтернатива за стабилна, мирна и развиена Македонија.“

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ, рече дека политичката криза предизвикана од настаните на 24 декември привремено е надмината, но суштинските проблеми се повеќе и се закануваат на македонската демократија и остануваат нерешени.

„Господине комесар, македонските граѓани, како и сите ние присутни тука го ценевме вашиот пристап да ја гледате чашата половина полна, наместо половина празна, тоа даде дополнителна сила и мотивација, тоа беше и е добро и за Македонија и за регионот и за ЕУ, единствен проблем со кој се соочуваме денеска е оние што имаа најголема одговорност за состојбите во државата решија да ја скршат чашата.“

Пролетниот извештај за Македонија ЕК треба да го презентира на 16 април.