Аврамопулос на средба со Папуљас за спорот со името

Грчкиот претседател Каролос Папуљас

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос утре ќе се сретне со претседателот Каролос Папуљас со кого ќе разговара за прашањето за името, јавија грчките медиуми. Грчкото МНР се уште не ја потврди информацијата, но не објави ни демант. Според информациите, на средбата ќе стане збор и за други прашања кои се во надлежност на Аврамопулос.
Состанокот ќе се одржи по завршувањето на средбите во Њујорк меѓу медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски.