Кенијата положи заклетва на претседателската функција

Ухуру Кенијата

Ухуру Кенијата кој се соочува со обвинение за злосторства против човештвото денеска положи заклетва на претседателската функција во Кенија. Тој е син на Јомо Кенијата, кој беше првиот претседател на земјата по независноста од британскиот режим во 1963 година.
Меѓународниот суд за криминал го обвини Кенијата дека учествувал во насилството за време на претседателските избори во 2007 во Кенија, при кое загинаа 1200 лица.