До кога планирате да чекате пред вратата на ЕУ ги запраша еврокомесарот Штефан Филе пратениците по дискусијата во Националниот совет за евроинтеграции во македонското собрание. По неговото воведно обраќање, пратениците се расправаа за тоа кој е виновен за случувањата на изборите и на 24 декември, по што Филе видно изнервиран упати порака дека тие треба да сносат одговорност за спроведување на политичкиот дијалог.
Како изминува времето и покрај големиот труд, јас немам чувство дека имиџот на вашата земја е подобрен во очите на Брисел и главните градови на земјите членки на ЕУ. До која мера мислите дека е важно, до која мера вие мислите дека ние се фокусираме на дијалогот на високо ниво, до која мера мислите дека ние дојдовме да ги надгледуваме сите копенхагеншки критериуми, до која мера мислите дека за нас слободата за изразување е важна? До која мера мислите дека тоа што ние го видовме од настаните од 24 декември е знак за ослабување на најважните демократски институции во вашата земја? Извештајот не е готов, а вие само што придонесовте за него.Штефан Филе, еврокомесар за проширување.
„Како изминува времето и покрај големиот труд, јас немам чувство дека имиџот на вашата земја е подобрен во очите на Брисел и главните градови на земјите членки на ЕУ. До која мера мислите дека е важно, до која мера вие мислите дека ние се фокусираме на дијалогот на високо ниво, до која мера мислите дека ние дојдовме да ги надгледуваме сите копенхагеншки критериуми, до која мера мислите дека за нас слободата за изразување е важна? До која мера мислите дека тоа што ние го видовме од настаните од 24 декември е знак за ослабување на најважните демократски институции во вашата земја? Извештајот не е готов, а вие само што придонесовте за него.“
Тој претходно во своето воведно обраќање рече дека со реформите во петте точки нотирани во претпристапниот договор Македонија ја покажа подготвеноста да пристапи кон ЕУ.
„Во подготовката на нашиот Пролетен извештај и за денешниот состанок, забелажавме дека е постигнат напредок и дека се воведени мерки во одредени области и покрај настаните што се случуваа на 24 декември.“
Тој вели дека сега е важно што е можно побргу да се воспостави анкетна комисија за да ги разгледа настаните од 24 декември и сите партии да ја потврдат својата стратешка посветеност кон европската интеграција во форма на меморандум.
Пролетниот извештај за Македонија ЕК треба да го презентира на 16 април.
Ова прашање е навистина важно, тоа треба да биде задача и обврска на сите, особено во земји со млада демократија треба да се брани слободата на изразување затоа што нивото на оваа слобода станува единственото огледало во кој се гледа квалитетот на демократијата.Штефан Филе, еврокомесар за проширување.
Филе се осврна и на дијалогот влада-новинари и рече дека е срамно што на постигнатиот напредок од лани, фрлија сенка изминатите настани. Тој порача дијалогот да продолжи и новинарите да се вклучат во реформите за тој да продолжи на отворен и транспарентен начин.
„Ова прашање е навистина важно, тоа треба да биде задача и обврска на сите, особено во земји со млада демократија треба да се брани слободата на изразување затоа што нивото на оваа слобода станува единственото огледало во кој се гледа квалитетот на демократијата.“
Што се однесува до локалните избори, Филе вели дека ги чека оценките на набљудувачите, тој го поздравува тоа што изборите беа добро спроведени и конкурентни, но има забелешки за користење на државни ресурси во кампањата и за известувањето на медиумите.
Европската интеграција претставува недвосмислено една од најдобрите алтернативи за Република Македонија, да не кажам и единствената алтернатива за стабилна, мирна и развиена Македонија.Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.
Филе е трет пат во посета на земјава од почетокот на годината и вели дека се прашува дали тоа е добар знак. Од една страна тоа може да се гледа како моја вклученост во целиот процес, но и како вознемирувачки знак дека нешто не е во ред, вели тој.
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими вели дека е препознаен прогресот што го постигна Македонија, но остануваат предизвици со кои треба земјата да се соочи.
„Европската интеграција претставува недвосмислено една од најдобрите алтернативи за Република Македонија, да не кажам и единствената алтернатива за стабилна, мирна и развиена Македонија.“
Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ, рече дека политичката криза предизвикана од настаните на 24 декември привремено е надмината, но суштинските проблеми се повеќе и се закануваат на македонската демократија и остануваат нерешени.
„Господине комесар, македонските граѓани, како и сите ние присутни тука го ценевме вашиот пристап да ја гледата чашата половина полна, намесно половина празна, тоа даде дополнителна сила и мотивација, тоа беше и е добро и за Македонија и за регионот и за ЕУ, единствен проблем со кој се соочуваме денеска е оние што имаа најголема одговорност за состојбите во државата решија да ја скршат чашата. “