Македонските и српските граѓани би можеле да ја загубат слободата за безвизно влегување во земјите на Шенген зоната откако во Европарламентот мина предлог резолуцијата со која се најавуваат нови рестрикции. Сепак, тие би биле искористени само како последна мерка, односно предвидени се извесни критериуми за евентуалното повторно воведување визи.
Со мерките, одобрени од Комитетот за граѓански слободи, и се овозможува на Европската унија да ги суспендира нејзините правила за безвизно патување со цел да запре, како што се наведува, значјано и нагло зголемување на бројот на мигранти или на оние што неосновано бараат азил во Унијата.
Предлог резолуцијата, пред да стапи во сила, мора да биде одобрена од Европскиот парламент, како и од земјите членки.
Затоа потпретседателот на Комитот Тања Фајон, по гласањето, изјави дека со ваквиот документ всушност на подолг рок се блокира можноста повторно на државите од Западен Балкан да им бидат воведени визи за Шенген зоната.
„Јасно е дека Европската унија уште некое време нема да биде во можност привремено да го укине безвизниот режим за Западен Балкан“, изјави таа.
Во предлог резолуцијата исто така и се дозволува на Европската унија повторно да наметне визи за гости од земји кои на граѓаните на Унијата не им гарантираат безвизен режим.
Како пример се наведуваат Соединетите Држави кои бараат визи за граѓаните на Бугарија, Кипар, Романија и Полска, додека во исто време американските граѓани уживаат во бенефитите на програмата за безвизен режим во Европската унија.
„Станува збор за принципот на реципроцитет, кој е клучен елемент во заедничката визна политика на Европската унија“, оценуваат дел од европратениците.
Како и да е, усвоената предлог резолуција предизвика најголемо внимание поради тоа што предвидува привремено повторно воведување на визите како одговор на евентуален висок прилив на мигранти и на неосновани барања за азил.
Во минатиот октомври, Европската комисија побара од балканските земји да се справат со лажните барања за азил во Унијата, аргументирајќи дека тоа представува голема пречка на системот за оние на кои навистина им е потребна меѓународна заштита.
Предлог резолуција предизвика најголемо внимание поради тоа што предвидува привремено повторно воведување на визите како одговор на евентуален висок прилив на мигранти и на неосновани барања за азил.
Злоупотребите на системот за азил, според еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Мелмстром, се зголемиле за 75 насто годишно, особено откако Албанија, Босна, Македонија, Црна Гора и Србија добија безвизен режим за влез на нивните граѓани во земјите од Шенген зоната.
Повеќето од поднесителите на барањата за азил се Роми. Но, многумина политичари во Европската унија тврдат дека најголемиот број имигранти биле поттикнати на таков чекор пред се од економски причини.
Шенген зоната во која може да се патува без пасоши постои од 1985 година и во неа се опфатени сите земји членки на Европската унија, освен Британија, Кипар, Ирска, Романија и Бугарија.
Во неа исто така се и некои земји кои не се членки на Унијата како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Јасно е дека Европската унија уште некое време нема да биде во можност привремено да го укине безвизниот режим за Западен Балкан.Тања Фајон, претседателка на Комитетот за граѓански слободи во Европскиот парламент.