Рускиот претседател Владимир Путин по посетата на Германија пристигна во Амстердам, каде ќе се соочи со голем протест против политиката на неговата земја за правата на геј заедницата. Во јануари руските пратеници го одобрија нацрт-законот со кој јавните геј настапи, како и ширење на информации за таа заедница на малолетни лица да се плаќа со казна до 16 илјади долари. Законот се уште не е усвоен во Парламентот.