Изложба со порака за разбудување на нагонот за живот

Слика на македонската сликарка Јасминка Новковска.

СЕКС- ПРЕСИЈА И ПОРТРЕТ - „Гревот стана мода“ е насловена изложбата на сликарката Јасминка Новковска, што од 9 до 22 април, ќе се одржи во салоните „Империјал“ на Културно информативниот центар во Скопје. Станува збор за провокативна постановка која со експлицитните сцени дефинитивно ќе го предизвика вниманието на публиката и на критиката.
60 дела, 15 слики работени во техника акрилик на платно и 45 цртежи во пастел, создадени во текот на 2012 година, ја чинат изложбата на сликарката Јасмина Новковска што ќе се одржи во салоните „Империјал“ на Културно информативниот центар во Скопје и која таа ја наслови како СЕКС - ПРЕСИЈА И ПОРТРЕТ - „Гревот стана мода“.
Јас го отсликувам духот на времето во кое што живеам и мислам дека дефинитивно треба да се твори токму во духот на времето во кое сите ние живееме. Затоа и моите слики се експлицитни. Како уметник јас никого не осудувам меѓутоа го работам она што ми го кажува реалноста.
Јасминка Новковска, уметник.

За нејзината постановка Љупчо Маленко ќе запише дека додека другите уметници трагаат по „вистината“ и по тајната на создавањето на сликарството, Новковска со страст истражува и размислува за минатото, за сопствените корени, трага по духовното и естетското. Бара идеи, уметност што не бара препознавање и разоткривање не е уметност, трага по галаксијата на исчезнатата поетика, по духот кој е присутен и денес во сопствената свест скривајќи го своето лице длабоко врежано во душите на потомците како запис, како белег на египетскиот скарабеј. Тој дополнува дека македонската уметница ја краси особена поетика, симбол и занес и, вели дека, таа, на себесвојствен начин потсетува за дехуманизацијата на денешнава цивилизација и за вербата во љубовта.

Македонската сликарка Јасминка Новковска.


„Јас го отсликувам духот на времето во кое што живеам и мислам дека дефинитивно треба да се твори токму во духот на времето во кое сите ние живееме. Затоа и моите слики се експлицитни. Како уметник јас никого не осудувам меѓутоа го работам она што ми го кажува реалноста. Од друга страна мојата
Можеби станува збор за некаков бунт, револт кај жената да се избори за некоја своја положба, некое свое место во општеството. Да се издигне и сексуално и психолошки. Уметникот треба да биде храбар. Без храброст не се прават добри дела.
Јасминка Новковска, уметник.
изложба има и една друга порака што ја упатувам до онаа заспана популација а тоа е да го разбуди нагонот за живот, да веруваат во љубовта“, истакнува Новковска.

Сликарката дополнува дека оваа нејзина постановка доаѓа по онаа од 2011 кога имаше изложено само портрети, со таа забелешка дека овојпат преку новата серија таа длабоко понира во психолошката состојба на современиот човек и нуди еден сосема поинаков концепт.

Инаку, со својата „претстава на гревот, на романтичното и кобното... на разузданото либидо“, Новковска влегува во редот на македонските сликарки кои, преку смелите и моќни бои, јасно и гласно ставија до знаење дека веруваат во сопствениот дух и во слободата на изразот.

„Можеби станува збор за некаков бунт, револт кај жената да се избори за некоја своја положба, некое свое место во општеството. Да се издигне и сексуално и психолошки. Уметникот треба да биде храбар. Без храброст не се прават добри дела. Згора на тоа мислам дека треба да имате и малку дрскост за да го искажете отворено тоа што го мислите. Изложбата несомнено треба да носи некоја поента и порака. Не смее да биде направена „само така“, колку да се рече дека сте имале изложба.“

Родена 1975 година, Јасминка Новковска дипломирала на Факултетот за ликовни уметност во Скопје. Специјализирала и магистрирала на Националната ликовна академија во Софија во 2003 година, а зад себе има и студиски патувања во Париз и во Рим. Досега има реализирано 15 самостојни изложби во земјава, соседна Бугарија, Германија и во САД, а пред 12 години беше претставник на Република Македонија на Франкофонските игри што се одржаа во Отава, Канада.

Уметницата е автор и на ликовниот перформанс пред Галеријата „Око“ на тема „Еротиката на улица Македонија“, досега учествувала во над 40 групни постановки, добитник е на наградата ,,Љубомир Белогаски“ за најуспешен млад автор за изложбата ЕРА што се одржа во Музеј на град Скопје и член е на ДЛУМ од 2012 година.