Бесими очекува објективен извештај од ЕУ

Бесими информира дека на средбата со еврокомесарот Штефан Филе една од темите за која ќе разговараат ќе биде колку е постигнат напредок во однос на тоа што значеше политички договор и дијалог како и евалуација за изборниот процес. ​​
Политичкиот дијалог и мирен, фер и демократски изборен процес се клучните предизвици за кои доколку Македонија не покаже декомократски капацитет со сигурност може да се загрози позитивната оценка од Европската комисија затоа што со тоа се ставаат под знак прашалник Копенхашките критериуми, брифира денеска вицепремиерот за евроинтергации Фатмир Бесими.
На средбата со еврокомесарот Штефан Филе која ќе се оддржи на 9-ти април една од темите за која ќе разговараат ќе биде колку е постигнат напредок во однос на тоа што значеше политички договор и дијалог како и евалуација за изборниот процес.
Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.

Тој смета дека овие предизвици се надминати и дека Македонија ќе покаже демократска зрелост. Бесими информираше дека на средбата со еврокомесарот Штефан Филе која ќе се оддржи на 9-ти април една од темите за која ќе разговараат ќе биде колку е постигнат напредок во однос на тоа што значеше политички договор и дијалог како и евалуација за изборниот процес.

Тој на неформалната средба со новинарите објасни дека ова е најактуелниот предизвик кој земјава го имаше во последниот период, а за нив интерес покажа и Брисел и некои земји членки на Унијата.

Се прави се за да има поволен извештај за Македонија, што значи ќе се извлече максимумот од петте точки, со цел да може да се презентира извештај пред Советот кој би овозможил оддржување на препораката и Македонија да остане на дневниот ред.
Малинка Ристевска Јордановска, Институт за европска политика.
На средбата со Филе ќе се разговара и за петте точки од пристапниот дијалог меѓу кои и законот за медиуми за кој следната недела треба да стартува јавната дебата и закочениот дијалог на новинарите со Владата. Во вторник ќе се дефинираат насоките во кои Владата до 16 месецов ќе треба да ги исполни за да влезат во пролетниот европски извештај. Во однос на добрососедските односи, Европската Комисија е информирана за сите иницијативи и средби како на експертско така и на владино ниво со Бугарија и Грција.

Професор Димитар Мирчев очекува во следните неколку дена да има придвижување во преговорите за името поради зачестените средби на Нимиц со преговарачите годинава.

„Мислам дека ставовите се искристализирани, бидејќи господинот Нимиц е свесен и добро ги познава ставовите, насоките каде што може да се приближат двете страни така што може да се очекува еден попродуктивен од досегашните предлози, кој би бил барем добра основа за финализација или за напредок на разговорите.“

Мирчев претпоставува дека по консултацијата на преговарачите со државните врвови на двете страни Нимиц повторно ќе дојде во регионот. Тој додава дека интересот на Филе и неговиот ангажман околу ова прашање е корисен во ситуацијава.
Мислам дека ставовите се искристализирани, бидејќи господинот Нимиц е свесен и добро ги познава ставовите, насоките каде што може да се приближат двете страни така што може да се очекува еден попродуктивен од досегашните предлози, кој би бил барем добра основа за финализација или за напредок на разговорите.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

Бесими очекува ЕК да подготви кредибилен и објективен извештај за процесот на реформите во областа на судството, владеење на правото, за реформите во јавната администрација, слободата на медиумите, спроведувањето на Охридскиот договор и функционална пазарна економија.

Професор Малинка Ристевска Јордановска од Институтот за европска политика вели дека критериумите во пролетниот извештај се значајно намалени, затоа што, ако порано се бараше повисоко ниво на демократија, сега мирни избори предизвикуваат задоволство кај претставниците на Европската комисија.

„Се прави се за да има поволен извештај за Македонија, што значи ќе се извлече максимумот од петте точки, со цел да може да се презентира извештај пред Советот кој би овозможил оддржување на препораката и Македонија да остане на дневниот ред.“

Таа додава дека самиот извештај нема пред себе да го има знакот позитивен или негативен, туку ќе ги констатира состојбите, но е многу битно што ќе исфрли на преден план.

„Прашање е како ова ќе помине кај државите членки, особено што Грција во секој случај ќе ги искористи сите можни негативности за да покаже дека не е всушност таа, таа што блокира, туку недостатокот од исполнување на политичките критериуми од страна на Република Македонија.“

Ристевска Јордановска вели дека нè очекува една интересна пролет и треба да се гледа пошироко на настаните кои се одвиваат во регионот како односите меѓу Србија и Косово, така што веројатно има амбиции да се направи мал пакет, но сето тоа е со голема доза на неизвесност.