Нешто не е во ред со изборите

Седница на Државната изборна Комисија (ДИК) за изборните приговори за локалните избори 2013.

Внатрешно политичката состојба се преслика и во Државната изборна комисија и во Управниот суд. Случувањата таму ја продлабочија политичката криза, ги подигнаа тензиите и фрлија сенка и врз целиот изборен процес, коментираат експертите.
Внатрешно политичката состојба се преслика и во Државната изборна комисија и во Управниот суд. Наместо да се носат одлуки според законите и правото, претставниците на ДИК се однесуваа како пратеници во Собранието застапувајќи политички интереси тврдат познавачаите на приликите. Дополнително, партиската пресметка од тоа тело се пренесе и во Управниот суд.
Ја продлабочија политичката криза, ги подигнаа тензиите, но секако фрлија сенка и врз целиот изборен процес. Верувам дека тоа ќе се рефлектира и врз односот на нашите меѓународни партнери и евентуално на нивните извештаи за Македонија, затоа што со самиот почеток на работата на ДИК беше јасно дека и тоа тело кое треба да е надпартиско и професионално се гледаше дека повеќе функционира како Парламент или како меѓупартиски дебатен клуб отколку како професионално тело.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека случувањата во државните тела кои се занимаваа со изборните нерегуларности повеќе наликуваа на политичките препукување во Парламенот, отколку на професионални тела кои што треба да ги штитат интересите на изборниот процес.

„Ја продлабочија политичката криза, ги подигнаа тензиите, но секако фрлија сенка и врз целиот изборен процес. Верувам дека тоа ќе се рефлектира и врз односот на нашите меѓународни партнери и евентуално на нивните извештаи за Македонија, затоа што со самиот почеток на работата на ДИК беше јасно дека и тоа тело кое треба да е надпартиско и професионално се гледаше дека повеќе функционира како Парламент или како меѓупартиски дебатен клуб отколку како професионално тело.“

Управен суд Скопје.


Тој додава дека и резултатите кои ги даде Управниот суд уште повеќе го продлабочија тоа чуство, така што уште повеќе се засили впечатокот дека во Македонија нешто не е во ред кога станува збор за оддржување на избори.

Поранешниот премиер Владо Бучковски кој неодамна беше исклучен од неговата матична СДСМ, смета дека не треба да се драматизира, затоа што состојбата ниту е влошена, ниту има какви било изгледи да се влоши во вториот изборен круг.
Јас во периот од 1998 до 2000 бев член на ДИК кога составот на комисијата беше поинаков и каде што се обидуваше тогаш законодавецот преку учество на судии од највисокиот суд од Врховниот суд да даде поголема стручност и компетентност на работата на највисокиот изборен орган и мислам дека ова што сега го гледавме ја отвара повторно дилемата дали само партиски претставници треба да бидат дел од државната изборна комисија.
Владо Бучковски, поранешен премиер.

„Опозицијата во една траорна атмосфера, од друга страна гледаме власта дека е осилена и тргната во поход да освои ако може и сите општини, така што не гледам дека ова дополнително би го загрозил впечатокот кој веќе провејува и во јавноста и кај набљудувачите дека имавме мирни избори, но има уште многу работи кои треба да се поправат за да може Македонија да функционира како модерна европска држава каде што изборите би биле празник на демократијата, а не начин на кој во овој момент тие заличуваат на една гола партиска пресметка.“

Тој додава дека начинот на кој функционираше ДИК отвора дилема за при евентуални нови измени во Изборниот законик да се преиспита начинот на кој се избираат членовите во изборната комисија.

„Јас во периот од 1998 до 2000 бев член на ДИК кога составот на комисијата беше поинаков и каде што се обидуваше тогаш законодавецот преку учество на судии од највисокиот суд од Врховниот суд да даде поголема стручност и компетентност на работата на највисокиот изборен орган и мислам дека ова што сега го гледавме ја отвара повторно дилемата дали само партиски претставници треба да бидат дел од државната изборна комисија.“

Муслиу смета дека треба да се изнајде начин како партиите да ги повлечат своите раце од ДИК и да ја остават да работи професионално и во рамки на законот.

„Значи нешто треба да се измени таму, дали начинот на кој се избира комисијата или да се апелира до политичките партии да ја пуштат комисијата да работи на мира, но во секој случај таму нешто не е во ред.“

Вчерашните одлуки на Управниот суд за тужбите против решенијата на ДИК за нерегуларностите и прегласувањето во неколку општини предизвика неготувања кај партиите.

Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави дека Управниот суд донел срамни одлуки и стaнал соучесник во манипулации. Според него, по злоупотребите пред и за време на кампањата, со политичките одлуки на ДИК и на Управниот суд се затворил кругот за непочитување на правото и за спроведување нелегитимни и недемократски избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека наместо да ја прифати реалноста СДСМ продолжува да бара алиби кај сите други за својот изборен пораз.