И Кочоски и Села очекуваат победа во Струга

Владимир Кочоски, кандидат за градоначалник на Струга од редовите на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Локални избори 2013.

И двајцата кандидати за градоначалник на Струга се надеваат на победа. На стружани им се ветува од убаво поубаво, иако тие не веруваат многу во ветувања кои во минатото останале само на празни зборови.
И Зиадин Села од ДПА и Владимир Кочоски од Сојузот за Струга на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се сигурни во победата на 7 април за градоначалник на Струга. И двајцата се надеваат на гласови од другата етничка заедница, иако билбордите на кои се рекламираат низ Струга се напишани само на еден јазик - на македонски, односно албански. Партиските структури деновиве неуморно работат и интензивно се на терен. На стружани им се ветува од убаво поубаво, иако тие не веруваат многу во ветувања кои во минатото останале само на празни зборови.

Струга.

„Ни треба вреден градоначалник кој ќе мисли на нас, а после и за него“.

РСЕ: Потребни ли е се многу промени на Струга?

„Да прво патиштата да се реконструираат, а после се друго. Се треба на ново, се од почеток“, вели една стружанка.

„42 години работам и нема ништо. Ништо не ме интересира. Овде е катастрофа“, вели стружанец.
После 7 април нема да има простор за никакви делби и поделби, сите ќе бидеме еднакви, сите ќе придонесуваме подеднакво за развојот и просперитетот на општината.
Владимир Кочовски, кандидат за градоначалник на Струга од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не гледам никаква перспектива. Се оди надолу, ништо не оди нагоре. Кој и да биде ништо нема да смени, бидејќи целиот систем оди надолу. Не сум оптимист“, вели друг стружанец.

Струга мора да го добие епитетот најубава и најгостопримлива општина, вели кандидатот за градоначалник Владо Кочоски.

Зиадин Села, кандидат за градоначалник на Струга од ДПА.


„Во мојата програма не се заборавени руралните средини. И тие како и градот треба да се развиваат подеднакво. Затоа уште во првите денови од мојот мандат со мојот тим започнуваме со изработка на детална стратегија за рамномерен развој на сите рурални средини. После 7 април нема да има простор за никакви делби и поделби, сите ќе бидеме еднакви, сите ќе придонесуваме подеднакво за развојот и просперитетот на општината. Ќе придонесуваме за мирот и
Сакам да му упатам порака на мојот противкандидат во вториот круг, дека демократијата е избор на мнозинството, во Струга мнозинството е албанско и затоа ова мнозинство мора да победи.
Зиадин Села, кандидат за градоначалник на Струга од ДПА.

соживотот кој никогаш не бил доведен во прашање на овие простори. Како доктор сум помогнал на многумина и како градоначалник ќе го правам истото“, рече Кочоски.

Неговиот противкандидат Зиадин Села вели дека ќе бил градоначалник на сите стружани, а не само на ДПА.

„Сакам да му упатам порака на мојот противкандидат во вториот круг, дека демократијата е избор на мнозинството во Струга и како такво мнозинството во Струга е албанско и затоа ова мнозинство мора да победи. Сакам да упатам порака и до меѓународниот фактор да се ангажира во вториот круг во Струга за да спречат манипулации и купување на гласови“, рече Села.

И за овие избори во Струга преовладува ставот дека средините со „торбешко“ население и овој пат ќе бидат одлучувачки за победата на едниот или другиот кандидат.