Македонската берза по принципот падни-стани

Илустрација.

Високите очекувања за резултатите од работењето на компаниите во комбинација со кризата во Европа, посебно стравувањата за Словенија, се причина за надолниот тренд на пазарот за хартии од вредност.
Ланските трендови на берзата се пресликуваат во 2013 година, велат дел од брокерите. Според дел од нив, високите очекувања за резултатите од работењето на компаниите во комбинација со кризата во Европа, посебно стравувањата за Словенија, се причина за надолниот тренд на пазарот за хартии од вредност.
Најверојатно очекувањата беа посебно поголеми во однос на дивидендите што компаниите ќе ги исплаќаат за 2012 во 2013 и тоа предизвика претпоставувам притисок на страна на продажбата кај повеќето од акциите што во себе носат дивиденда, коишто генерално се и креатори на македонскиот пазар што е директна причина.
Горан Марковски. извршен директор на „КБ Публикум“.

Индексот на десетте најликвидни компании го прекина надолниот тренд во втората половина на декември минатата година. По краток раст, познат како биков пазар, кој го достигна врвот во втората половина на јануари годинава, повторно настанува пад на вредноста.

Извршниот директор на „КБ Публикум“ Горан Марковски вели дека дел од причината за ваквата состојба се високите очекувања за резултатите кои компаниите ги објавија кон крајот на минатата година.

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс во посета на Македонската берза АД Скопје на 8 ноември 2011 година.


„Најверојатно очекувањата беа посебно поголеми во однос на дивидендите што компаниите ќе ги исплаќаат за 2012 во 2013 и тоа предизвика претпоставувам притисок на страна на продажбата кај повеќето од акциите што во себе носат дивиденда, коишто генерално се и креатори на македонскиот пазар што е директна причина.“
Доколку, повторно ќе кажам, се зголеми транспарентноста на компаниите, а најверојатно дека законската регулатива ќе ги натера компаниите да ја зголемат транспарентноста на нивните податоци за работењето што би допринело до доаѓање на нови инвеститори, но дури после смирување на кризата. Кризата сè уште трае.
Јованче Тасковски, брокер.

Во прилог не одат ни случувањата на странските пазари на капитал, додава Марковски.

„Посебно не во последниот период каде што повеќе или помалку пазарите флуктуираат. Има благ пораст меѓутоа не е со иста динамика како што беше да кажеме на почетокот на јануари. Тоа дополнително влијае да речеме на тој благ песимизам во однос на очекуваниот раст за наредниот период“, вели Марковски.

Случувањата на македонската берза не се реален одраз на состојбата на македонската економија, вели брокерот Јованче Тасковски.

„Нити пак е одраз условно кажано на политичката состојба. Начинот на реагирање во соседството, односно немање на пари во соседството, па и пошироко, дури и во Европа ако земеме. Најголемата поврзаност на македонскиот пазар е со словенечки инвеститори. Гледаме дека и Словенија е во криза, така што една од поголемите причини, мое лично мислење, е кризата којашто се очекува во Словенија да добие замав.“

Иницијативата за котирање на компаниите на берза со над 1 милион евра капитал би можело да придонесе кон раздвижување на пазарот, вели Тасковски.

„Доколку, повторно ќе кажам, се зголеми транспарентноста на компаниите, а најверојатно дека законската регулатива ќе ги натера компаниите да ја зголемат транспарентноста на нивните податоци за работењето што би допринело до доаѓање на нови инвеститори, но дури после смирување на кризата. Кризата сè уште трае“, вели Тасковски.

Инаку, од почетокот на годината до денеска, на официјалниот пазар биле регистрирани над 2.400 трансакции.