Атмосферата во којашто се одржуваше седницата на ДИК беше бурна и помина во расправии кои помалку се однесуваа на приговорите, а повеќе на партиските бои и начинот на кој требало да се говори на седницата.
Истече рокот во кој Државната изборна комисија имаше задача да ги разгледа и да донесе одлука за приговорите кои пристигнаа од изборите единици каде што се забележани нерегуларности во изборниот процес. Атмосферата во којашто се одржуваше седницата беше бурна и помина во расправии кои помалку се однесуваа на приговорите, а повеќе на партиските бои и начинот на кој требало да се говори на седницата.
Според досега објавените податоци, ДИК донесе одлука да поднесе 12 иницијативи до Основниот суд Скопје 2 од усвоените приговори на опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ за првиот круг од локалните избори од кои четири иницијативи има за Свети Николе, по две се однесуваат за Тетово и за Градско, а по една за општините Битола, Виница, Демир Капија и Валандово. Дисциплинска постапка ќе се поднесе за претседател на избирачки одбор во Битола, кој гласачкиот материјал и печатот ги однел дома.
Државната изборна комисија попладнево го поништи гласањето на едно избирачко место во Охрид на коешто е утврдено дека во избирачката кутија имало едно ливче повеќе од заокружените во избирачкиот список кои гласале. Службите на ДИК треба да проверат дали бројот на гласови од ова избирачко место во Охрид ќе влијае на резултатите за избор на градоначалник.
47-те приговори од СДСМ поднесени за Ресен беа отфрлени со надгласување од мнозинството, кое е од владејачката коалиција.
Мирослав Вуиќ кој е овластен претставник на СДСМ на седницата изјави дека на граѓани од Пустец им било дозволено да гласаат со македонски патни исправи на кои како место за живеење е наведена Република Албанија.
„Ако веќе знаеме за човек кој е тука, за лидер на една политичка партија, нему не му дозволиме, а јас треба да му дозволам на градоначалникот на Пустец од Албанија да гласа тука, ве молам! По кој основ е тоа? Што сме ние, хотел промаја во оваа држава, па кој како сака?“, рече Вуиќ.
Во меѓувреме, претседателот на Комисијата Борис Кондарко, кој беше предложен од редовите на СДСМ, и членот на комисијата Анета Стефановска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дебатираа за висината на тонот на кој Вуиќ треба да се обраќа.
„Мислам дека сега како претседател треба да преземете мерка и да му упатите, бидејќи сите ние ќе поднесеме поднесок или пријава против човекот, значи да си се владее, не може вака, јас не можам да трпам повеќе“, рече Стефановска.
„Не знам на што се повикувате. Прво кои се ингеренциите на партиите и кои ингеренции ги прекршува и ги надминува“, запраша Кондарко.
„Па ингеренциите е што го повишува тонот на гласот, не суди тука“, рече Стефановска.
Во меѓувреме кандидатите за градоначалници кои ќе учествуваат во вториот круг продолжија со својата кампања и анти-кампања за нивните противници.
До ДИК, во законски предвидениот рок, по затворањето на гласачките места по првиот круг од гласањето на локалните избори пристигнаа вкупно 428 приговори. Најголем дел од приговорите по кои одлучува ДИК, има поднесено СДСМ и тоа над 70 во Охрид, над 60 во Радовиш, 47 приговори во Ресен, 80-тина во Аеродром, Штип 20, Прилеп 37.
Ако веќе знаеме за човек кој е тука, за лидер на една политичка партија, нему не му дозволиме, а јас треба да му дозволам на градоначалникот на Пустец од Албанија да гласа тука, ве молам! По кој основ е тоа? Што сме ние, хотел промаја во оваа држава, па кој како сака?Мирослав Вуиќ, овластен претставник на СДСМ.
Според досега објавените податоци, ДИК донесе одлука да поднесе 12 иницијативи до Основниот суд Скопје 2 од усвоените приговори на опозициската коалиција „Сојуз за иднината“ за првиот круг од локалните избори од кои четири иницијативи има за Свети Николе, по две се однесуваат за Тетово и за Градско, а по една за општините Битола, Виница, Демир Капија и Валандово. Дисциплинска постапка ќе се поднесе за претседател на избирачки одбор во Битола, кој гласачкиот материјал и печатот ги однел дома.
Државната изборна комисија попладнево го поништи гласањето на едно избирачко место во Охрид на коешто е утврдено дека во избирачката кутија имало едно ливче повеќе од заокружените во избирачкиот список кои гласале. Службите на ДИК треба да проверат дали бројот на гласови од ова избирачко место во Охрид ќе влијае на резултатите за избор на градоначалник.
47-те приговори од СДСМ поднесени за Ресен беа отфрлени со надгласување од мнозинството, кое е од владејачката коалиција.
Мирослав Вуиќ кој е овластен претставник на СДСМ на седницата изјави дека на граѓани од Пустец им било дозволено да гласаат со македонски патни исправи на кои како место за живеење е наведена Република Албанија.
„Ако веќе знаеме за човек кој е тука, за лидер на една политичка партија, нему не му дозволиме, а јас треба да му дозволам на градоначалникот на Пустец од Албанија да гласа тука, ве молам! По кој основ е тоа? Што сме ние, хотел промаја во оваа држава, па кој како сака?“, рече Вуиќ.
Во меѓувреме, претседателот на Комисијата Борис Кондарко, кој беше предложен од редовите на СДСМ, и членот на комисијата Анета Стефановска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дебатираа за висината на тонот на кој Вуиќ треба да се обраќа.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Мислам дека сега како претседател треба да преземете мерка и да му упатите, бидејќи сите ние ќе поднесеме поднесок или пријава против човекот, значи да си се владее, не може вака, јас не можам да трпам повеќе.Анета Стефановска, член на ДИК на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.