Како до една милијарда евра размена со Бугарија

Првата железничка пруга во Македонија, од Солун до Скопје, е изградена во 1873 година

Македонско-Бугарската стопанска комора денеска во Скопје ќе одржи годишно собрание.

Познати бизнисмени и директори на корпорации од двете земји, во наредниот период, стои во соопштението од Комората, ќе се концентрираат врз создавање услови за поинтензивна економска размена.

Како до една милијарда евра размена со Бугарија, дали политиката го кочи бизнисот што не признава граници, кои се пречките за поголеми инвестиции, развој на коридорите и железничката пруга кон Бугарија, се дел од темите на кои ќе се разговара на годишното собрание на Македонско-бугарската стопанска комора.