Премиерот Никола Груевски за време на денешната посета на Кичево изјави дека го разбира револтот кај граѓаните, затоа што тоа е и негов гнев и револт. Груевски нагласи дека не бега од народот и дека нивните предизвици и проблеми се и негови и затоа дошол во Кичево. Според него, владата и натаму ќе работи за да им помогне на жителите на градот, бидејќи Кичево е Република Македонија и така и ќе остане.
Груевски се сретна со граѓаните на Кичево да разговара за новонастанатата ситуација, бидејќи досегашниот градоначалник Благоја Деспотовски не успеа да добие нов мандат. Градоначалничкото место во првиот круг го освои Фатмир Дехари од ДУИ, поддржан и од ДПА.