Никола Бакрачески - нов градоначалник на Охрид

Никола Бакрачески.

По два мандати на градоначалникот Александар Петрески од СДСМ, градоначалничкото место во Охрид го доби Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ.
Доктор Никола Бакрачески е новиот градоначалник на Охрид. Тој ќе седне во градоначалничката фотелја на местото на досегашниот градоначалник Александар Петрески кој осум години раководеше со градот. Бакрачески во своето прво обраќање после победата, на охриѓани им порача дека конечно ќе живеат во слободен Охрид.
Сите му беа криви на човекот кој ја играше највалканата кампања во историјата на Охрид, а кој во исто време критикуваше други луѓе дека играле така. Охрид заслужува поинаква иднина и сега можам да кажам, живејте во слободен Охрид.
Никола Бакрачески, нов градоначалник на Охрид.

„Сите му беа криви на човекот кој ја играше највалканата кампања во историјата на Охрид, а кој во исто време критикуваше други луѓе дека играле така. Охрид заслужува поинаква иднина и сега можам да кажам, живејте во слободен Охрид“, рече Бакрачески.

Стариот и нов градоначалник на Охрид, АЛександар Петрески од СДСМ и Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ.


Во спротивниот табор неверување и молк после изгубената битка за Охрид. Дејан Блажевски во име од Здружената опозиција со обвинување дека не се бирало градоначалник на Охрид, туку градоначалник на Подградец.
Се носеа луѓе на гласачките места за кои имаме и фотографии. Не знаеме дали овој пат се бираше градоначалник на Охрид или градоначалник на Подградец и затоа имаме многу причини да бидеме сомничави бидејќи ваквиот пораз не е вистински.
Дејан Блажевски, „Сојузот на иднината“ во Охрид.

„Сите луѓе, па и оние од спротивниот табор, знаат дека се случија многу неправилности, за паркираните џипови пред изборните штабови, за градските муабети кои станаа вистина. Се носеа луѓе на гласачките места за кои имаме и фотографии. Не знаеме дали овој пат се бираше градоначалник на Охрид или градоначалник на Подградец и затоа имаме многу причини да бидеме сомничави бидејќи ваквиот пораз не е вистински“, рече Дејан Блажевски од Сојузот на иднината во Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го има мнозинството и во градскиот совет со вкупно 12 советнички места, додека опозицијата предводена од СДСМ осум советници. Во новиот совет ќе има и тројца независни советници.

Во соседна Струга новиот градоначалник ќе биде познат во вториот круг кога битката ќе се води меѓу Зиадин Села од ДПА и заедничкиот кандидат на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Владо Кочовски кој во првиот круг освои мнозинство гласови односно 14.497 гласа. Кочовски очекува неизвесен втор изборен круг.

„Ќе одиме во сите места и кај сите луѓе за да ја презентираме нашата програма и да ги запознаеме сите што нудиме за просперитетна Струга.“

РСЕ: За прв пат се случува македонски кандидат да има толку многу гласови во Струга?

„Па тоа е изненадување и сите тоа ми го кажуваат, бидејќи јас сум тазе во политиката“, рече Кочовски.

Во новиот градски совет, македонскиот блок партии ќе имаат 11 советници, додека останатите се распределени меѓу ДПА, ДУИ, НДП и ПЕИ.