ОБСЕ/ОДИХР-изборите мирни,но со процедурални нерегуларности

Локални избори 2013

Прелиминарниот извештај на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа покажува дека локалните избори во Македонија биле конкурентни и ефикасно спроведени. Според нив, денот на изборите бил мирен иако биле забележани некои процедурални нерегуларности, вклучително и случаи на групно гласање.
Шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс изјави дека добиле веродостојни обвинувања за заплашување на гласачите и злоупотреба на државни ресурси во текот на кампањата. Нивните набљудувачи забележуваат и на „партиски наклонето медиумско покривање и мешање на државни со партиски активности, што секогаш не обезбедувало изедначен натпревар“.