Избори - жалбите нема да променат ништо

Жалбите веројатно нема да го променат прелиминарниот исход од гласањето, велат политиколозите. Дел од нив се загрижени од најавите на опозицијата за можен бојкот на вториот круг.
Жалбите веројатно нема да го променат прелиминарниот исход од гласањето во првиот круг на локалните избори велат политиколозите. Дел од нив се загрижени од најавите на опозицијата за можен бојкот на вториот круг гласање.
Но, мислам дека нема да променат нешто од тоа што значи краен резултат, единствено во овој момент загрижува најавата на лидерот на СДСМ. Таа најава може да ги комплицира работите и да се врати политичката криза која беше пред кампањата и локалните избори.
Исмет Рамадани, политички аналитиачр.

Секој од подносителите на листа на кандидати во постапката на гласање има право на приговор кој се поднесува во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето односно, по објавување на првичните резултати. Државната изборна комисија е должна да донесе одлука во рок од 48 часа по примањето на приговорот. Подносителот има право на тужба до управниот суд против одлуката на комисијата по основ на поднесената жалба.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски рече дека додека не се расчистат нерегуларностите, отворени се сите опции вклучувајќи и неучество во вториот изборен круг


Очекувано е незадоволните од резултатите да поднесуваат поплаки, вели политикологот Исмет Рамадани.

„Но мислам дека нема да променат нешто од тоа што значи краен резултат, единствено во овој момент загрижува најавата на лидерот на СДСМ. Таа најава може да ги комплицира работите и да се врати политичката криза која беше пред кампањата и локалните избори.“
Мислам дека она што ќе го даде ОБСЕ како прелиминарен извештај, ќе биде на некој начин контрааргумент за најавите на такви радикални потези како што излегоа вчера од СДСМ, односно бојкот на вториот круг на локалните избори.
Владимир Божиновски, политиколог.

Лидерот на опозициската коалиција Сојуз за иднината Бранко Црвенковски, забележувајќи дека овие избори биле сè само не фер, рече дека додека не се расчистат нерегуларностите, отворени се сите опции вклучувајќи и неучество во вториот изборен круг.

Потребно е да се почекаат информациите од надлежните институции кои го надгледуваа гласањето, вели политикологот Владимир Божиновски

„Мислам дека она што ќе го даде ОБСЕ како прелиминарен извештај, ќе биде на некој начин контрааргумент за најавите на такви радикални потези како што излегоа вчера од СДСМ, односно бојкот на вториот круг на локалните избори.“

Не гледам како жалбите би можеле да го сменат исходот, вели Божиновски

„Мислам дека дури и да се прифатат дел од тие жалби тоа не може во никој случај да го промени генералниот резултат.“

Опозиционерите за сега се недостапни за коментар за жалбите кои најавија дека ќе ги поднесат до Државната изборна комисија. Со забелешки за изборни неправилности на денот на гласањето вчера излегоа и невладините Цивил и МОСТ.