Груевски - Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска во Република Македонија се организираа слободни, фер и демократски избори, кои се пред сè победа на сите граѓани и државата Македонија. Победи Македонија, победи ВМРО-ДПМНЕ, победија делата. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на вечерашната прес-конференција во Изборниот штаб на партијата на која објави дека коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби огромна доверба од граѓаните и убедлива победа.

„Победата е и над нашите претходни очекувања. Таа е поголема отколку самите претходно очекувавме“, истакна Груевски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат победа во најмалку 25 општини во првиот круг, а во 32 е во водство.