Првичната оценка на Демократската унија за интеграција е дека денеска одржаните локални избори биле фер и демократски и оти изборниот ден поминал мирно, изјави шефот на Изборниот штаб на ДУИ Абдулаќим Адеми.
ДУИ, според Адеми, очекува фер и демократски, согласно законите, да се одвива и пребројувањето на гласовите, нивното сумирање и објавување.
„Гласовите, односно волјата на граѓаните треба да се почитува и победниците на овие гласови треба и понатаму да работат за сите граѓани на Република Македонија без разлика кој гласал или не гласал. Очекуваме како и претходните, така и овие избори да бидат прифатени од сите политички партии“, рече Адеми.
Тој посочи дека имало неколку забелешки во текот на денот за избирачките списоци, односно нивни гласачи се јавувале дека не се на списоците, но, рече, тоа е работа на државните институции како што е ДИК.
„Се надевам дека во иднина овие проблеми нема да ги имаме“, посочи Адеми.