Во Струга излезноста до 17 часот била високи 57 отсто, информира Општинската изборна комисија во овој град. Според политичките партии на Македонците, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои настапуваат со заеднички кандидат, излезноста на Македонците надминува 65 отсто. Во соседен Охрид, каде изборите течат исто така во мирна атмосфера, излезноста до 17 часот е 64,62 отсто од вкупно регистрираните 50.686 избирачи.