Голема излезност и бројни неправилности

Локални избори во Битола.

До 13 часот гласале 34,87 отсто од гласачите, а во некои општини гласале повеќе од 50 отсто од граѓаните со право на глас. Набљудувачите на МОСТ забележале низа неправилноста, како групно гласање, искршени печати, недостаток на гласачки ливчиња, читање на глас на имињата на избирачите.
До 13 часот од 89 насто од избирачките места гласале 554.883 гласачи, односно 34,87 отсто од гласачите. Во Скопје од 89,37 избирачки места гласале 123.033 граѓани, односно 31,21 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезност има во Вевчани со 60, 52 проценти, Берово 45, 85 отсто, Битола 40, 25, Кичево 54, 69 отсто, а најмала во Босилово, 21, 04, тука се и Врапчиште 23 проценти, Боговиње 25 отсто.
Билјана Јовановска, портпаролка на ДИК.

„Најголема излезност има во Вевчани со 60,52 проценти, Берово 45,85 отсто, Битола 40, 25, Кичево 54,69 отсто, а најмала во Босилово, 21,04, тука се и Врапчиште 23 проценти, Боговиње 25 отсто“, изјави портпаролката на ДИК Билјана Јовановска.

Прес-конференција на Државната изборна комисија. Билјана Јовановска, портпарол на ДИК.


Локалните избори, според Државната изборна комисија, ќе ги набљудуваат 410 странски и 8.379 домашни набљудувачи.

Граѓаните денеска избираат локални власти во 80 општини и Градот Скопје. Се гласа на 2.976 гласачки места за 350 кандидати за градоначалници и за 480 листи за советници. Право на глас имаат 1.743.403 граѓани.
Гласачко место 1917 село Велешта општина Струга, забележано е групно гласање, семејно гласање, присуство на неовластено лице кое им помага на гласачите позади параванот. Гласачко место 2692 општина Аеродром ИО ги чита на глас имињата на гласачите.
Дарко Алексов, МОСТ.

Локални избори во Кичево.

Набљудувачите на МОСТ забележале низа неправилноста, како групно гласање, искршени печати, недостаток на гласачки ливчиња, читање на глас на имињата на избирачите, изјави извршиот директор на МОСТ Дарко Алексов.

„Гласачко место 1917 село Велешта општина Струга, забележано е групно гласање, семејно гласање, присуство на неовластено лице кое им помага на гласачите позади параванот. Гласачко место 2692 општина Аеродром ИО ги чита на глас имињата на гласачите. Гласачко место 2860 Општина Центар ИО по грешка му дал на гласачот 2 ливчиња за Совет на Град Скопје. Гласачко место 0674 општина Кавадарци, гласач е фатен како го слика гласачкото ливче, при што и двете ливчиња му се одземени од страна на ИО.Гласачко место 1966 општина Тетово, злоупотреба односно некористење на УВ ламбата во повеќе од 20 случаи. “

МОСТ ги следи изборите со 3.200 набљудувачи, кои покриваат околу половина од избирачките места на територијата на целата држава.

Директорот на ОБСЕ/ОДИХР Јанез Ленарчич, по посетата на избирачко место во Скопје, изјави дека овие локални избори се важни за земјата и за нејзината актуелна политичка ситуација.
Тој најави дека утре попладне ОБСЕ/ОДИХР ќе објави прелиминарен извештај за денешното гласање. А конечниот извештај ќе биде овјавен за 2 месеци.

Вчера своето право на глас го искористија луѓето во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, луѓето кои се во домашен притвор, како и немоќните и болните кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Откако го остварија своето право на глас, дел од граѓаните за нашето радио изјави дека очекуваат мирни избори и градоналници кои ќе бидат подобри од нивните претходници.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Граѓаните сакаат фер и мирни избори


„Очекувам се да биде во ред и да бидат демократски, како што треба. Очекувам да бидат одговорни пред се.“

„Тој што ќе добие да постигне поголеми резултати од претходните.“

„Одлично е, тивко, добро, организирано, сега за сега, така е. Очекувам се најдобро како што треба да биде.“

Во општините каде нема да се избере градоначалник во првиот круг, ќе се одржи гласање за 14 дена.