За улогата на Хенри Шести во истоимената претстава на Народниот театар од Битола во режија на Џон Блондел, Петар Горко е добитник на традиционалната награда на „Дневник“ - Актер на годината. Претставата беше изведена на македонски јазик во шекспировиот „Глоуб театар“ во рамките на Културната олимпијада во Лондон, а во септември ќе се игра на сцените во Њујорк и Лос Анџелес.
По цели две децении откако во 1992 година на фестивалот „Војдан Чернодрински“, за улогата на Крисијан де Невиет во Сирано де Бержерак, ја доби наградата за млад актер „Трајко Чоревски“, Петар Горко конечно се закити со признание кое што му доликува на творец од голем, негов калибар – Актер на годината.
Не дека во меѓувреме немаше признанија за неговиот ангажман (најпопуларен актер, годишен лауреат од областа на културата...), но за некој кој во својата 22-годишна професионална кариера одиграл 71 улога од кои половина биле главни и има 1.700 изведби, некој кој меѓу другите бил првиот македонски Ромео, потем Магбет, Осман во „Македонска крвава свадба“, Димитрија Карамазов, Јасон во „Медеја“, Валмонт во „Опасни врски“, Јосип Броз Тито во големата и прохибирана европска копродукција, признанието за ликот на Хенри Шести во истоимената претстава на Народниот театар од Битола во режија на Џон Блондел е нешто што неминовно мораше да следува по „фантастичната игра, сувереното и прецизно владение со стихот, милиметарски пресметаната доза на хумор и иронија во текстот“.
„Има само пет фотографии на ѕидовите во самиот „Глоуб театар“ од вкупно 37-те претстави кои оставиле посебен впечаток на манифестацијата, едната е од „Хенри Шести“ и под неа пишува Република Македонија. Значи, навистина сме оставиле голем белег на Културната олимпијада. А, чувството дека ја добив наградата на „Дневник“ е фантастично и како сатисфакција и како заокружување на еден голем период, на едно големо театарско живеење.“
Актерот дополнува дека сите нив сè уште ги држи возбудата од тој креативен чин, а нејзиниот интензитет се зголемува уште повеќе од сознанието дека им претстои септемвриското патешествие од онаа страна на Атлантикот, кога „Хенри Шести“, повторно на македонски, ќе го отелотворат на сцените во Њујорк и во Лос Анџелес.
Горко истакнува дека нему овој лик му се случил во периодот кога се бавел со сопствената духовност и дека во креацијата од извонредно значење му биле разговорите што во една пригода ги имал со монасите од манастирот Зрзе. Тој вели дека Хенри е повеќе монах отколку крал и дека ги изградил најголемите цркви во Лондон и универзитетот Кембриџ.
„Ако не бил сакан, тој бил голем градител што значи дека сето тоа го правел со многу љубов. И тука се најдовме еден со друг и така ја начнавме та главна нитка – да се љуби сè, па макар да се изгуби и круната, затоа што многу повеќе се губи отколку што се добива од таа круна.“
Во периодов што следува, Петар Горко планира да се задржи и на онаа своја творечка страна која што ја смета за доблесна – поезијата. Негова желба е да се претстави како актер со повеќе можности и повеќе начини на интерпретација на своите емоции и надвор од она што како обврска го има на матичната сцена, на филмовите и во сериите, та затоа подготвува и два проекти со кои смета дека ќе ги анимира вљубениците во пишаниот збор и во уметноста.
„Нема да објавувам сè уште што е, меѓутоа на битолчани годинава ќе им подарам нешто строго наменето за Битола и тоа најверојатно ќе го сторам на „Битфест“. Тоа ми е планот, а следното после ќе биде многу поголемо, меѓутоа за тоа ќе треба прво да конкурирам за потем проектот да тргне и ова дефинитивно ќе го направиме во Скопје“, вели Петар Горко.
Има само пет фотографии на ѕидовите во самиот „Глоуб театар“ од вкупно 37-те претстави кои оставиле посебен впечаток на манифестацијата, едната е од „Хенри Шести“ и под неа пишува Република Македонија. Значи, навистина сме оставиле голем белег на Културната олимпијада. А, чувството дека ја добив наградата на „Дневник“ е фантастично и како сатисфакција и како заокружување на еден голем период, на едно големо театарско живеење.Петар Горко, актер.
Не дека во меѓувреме немаше признанија за неговиот ангажман (најпопуларен актер, годишен лауреат од областа на културата...), но за некој кој во својата 22-годишна професионална кариера одиграл 71 улога од кои половина биле главни и има 1.700 изведби, некој кој меѓу другите бил првиот македонски Ромео, потем Магбет, Осман во „Македонска крвава свадба“, Димитрија Карамазов, Јасон во „Медеја“, Валмонт во „Опасни врски“, Јосип Броз Тито во големата и прохибирана европска копродукција, признанието за ликот на Хенри Шести во истоимената претстава на Народниот театар од Битола во режија на Џон Блондел е нешто што неминовно мораше да следува по „фантастичната игра, сувереното и прецизно владение со стихот, милиметарски пресметаната доза на хумор и иронија во текстот“.
„Има само пет фотографии на ѕидовите во самиот „Глоуб театар“ од вкупно 37-те претстави кои оставиле посебен впечаток на манифестацијата, едната е од „Хенри Шести“ и под неа пишува Република Македонија. Значи, навистина сме оставиле голем белег на Културната олимпијада. А, чувството дека ја добив наградата на „Дневник“ е фантастично и како сатисфакција и како заокружување на еден голем период, на едно големо театарско живеење.“
Ако не бил сакан, тој бил голем градител што значи дека сето тоа го правел со многу љубов. И тука се најдовме еден со друг и така ја начнавме та главна нитка – да се љуби сè, па макар да се изгуби и круната, затоа што многу повеќе се губи отколку што се добива од таа круна.Петар Горко, актер.