Во Струмица на улица како во Рио де Женеиро
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Над 3.000 маскирани луѓе во саботата продефилираа по струмичките улици. На годинашниот Струмички карневал, покрај 2.500 домашни учесници, настапија и 26 групи со околу 650 учесници од странство, претежно од соседството. Според проценките на организаторите, во саботата во Струмица, и покрај студеното време, имало околу 30.000 гости кои до доцна во ноќта се забавуваа во струмичките кафулиња и дискотеки.