Предупредување до НАТО за засилено насилство во Авганистан

Американскиот командант во Авганистан Џозеф Данфорд

НАТО ја потврди содржината на мејлот испратен од американскиот командант во Авганистан Џозеф Данфорд во кој ги предупредува безбедносните сили да бидат подготвени на засилено насилство во земјата. Според генералот, забелешките направени од страна на претседателот Хамид Карзаи може да бидат поттик за некој да ги нападне странските сили.
Карзаи во неделата го обвини Вашингтон дека соработува со талибанците со цел земјата да биде нестабилна, при што странските сили би имале изговор да останат во Авганистан и по 2014 година.