СДСМ денеска поднесе 210 претставки до Државната изборна комисија за поведување на прекршочна постапка против ВМРО-ДПМНЕ заради предвремено започнување на предизборната кампања и прекршување на член 69-а од Изборниот закон. Шефот на Изборниот штаб, Игор Ивановски изјави дека нивниот правен тим евидентирал дека во периодот од 16 февруари до 4 март на полноќ, пред официјално и законски да започне кампањата, кандидатите на ВМРО ДПМНЕ преку јавни собири, плакатирање, медиумско, интернет и друг тип на претставување директно ги прекршиле изборните правила свесно ставајќи се во повластена позиција. Според него, организаторот на кампањата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ треба да плати, на име глоби, од 1.365.000 до 2.414.000 евра во денарска противвредност.
Ивановски најави дека сите дополнителни неправилности што ги прави ВМРО-ДПМНЕ ќе ги процесуираат до надлежните институции и ќе ги објават во т.н. „црна книга“.
Ивановски најави дека сите дополнителни неправилности што ги прави ВМРО-ДПМНЕ ќе ги процесуираат до надлежните институции и ќе ги објават во т.н. „црна книга“.