Mладинските организации и во Куманово се обидоа уште еднаш да ја поттикнат иницијативата за формирaње на претстaвничко тело за млади и младински организации.
Претставници на невладини младински организации и подмладоци на политички партии во Куманово се обидоа уште еднаш да ја поттикнат иницијативата за формирaње на претстaвничко тело за млади и младински организации од Македонија. Национален младински совет, ќе ги застапува правата на младите, ќе лобира за младите на политичко ниво со сите институции во државава. Ова ќе овозможува учество на младите при донесување на одлуките, вели Ивана Давидовска од Центарот за меѓукултурен дијалог во Куманово и објаснува:
„Тоа подразбира дека ова ќе биде тело кое ќе разговара со Агенцијата за млади и спорт, ќе ја носи стратегијата за млади во Македонија. Ќе разговара со институциите за барање младински или студентски попусти, ќе изработува различни проекти за унапредување на правата на младите и ќе бара од институциите и тие да изработуваат различни програми за младинското учество на ниво на Македонија.“
Даниел Калајџиевски од НВО Хера додава:
„Оваа иницијатива е поддржана од неформалната република „Млади“ составена од 62 организации и поддржана од Сојузот на извидници и Црвен крст на Македонија. Целата иницијатива во процесот е поддржана и од Европскиот младински форум. Како проект финансиски за овој период сме поддржани од УСАИД и од Отворно општество Македонија.“
Ивана Јордановска од Младите европски федералисти од Македонија вели дека во изминатите две децении немало Национален младински совет кој би бил единствено претставничко тело со легитимитет да ги претставува младите во сите институции и иницијативи.
„Вакво нешто сега нема. Целата ингеренција е на Агенцијата за млади и спорт. Младите треба да се вклучат во овој процес и со Агенцијата да поработат во овој совет и да ја подобрат ситуацијата во Македонија.“
Национален младински совет би бил организација на младите налик на некогашната Сојуз на младина, секако компатибилен со времето и општествените прилики. Јордановска вели дека во разни земји има различни модели.
„Поразвиените земји ова го имаат уредено, самата власт која одвојува средства за невладин совет. Во Србија и Хрватска се финансира од странски фондации кои се обидуваат да оживее овој процес до ниво, самото национално тело, како претставничко тело на младите, да стане круцијален и неопходен дел на една демократска држава и со тоа ќе постои интерес ова да се финансира од државната каса без да претставува мажоретка на одредени структури.“
Тоа подразбира дека ова ќе биде тело кое ќе разговара со Агенцијата за млади и спорт, ќе ја носи стратегијата за млади во Македонија. Ќе разговара со институциите за барање младински или студентски попусти, ќе изработува различни проекти за унапредување на правата на младите и ќе бара од институциите и тие да изработуваат различни програми за младинското учество на ниво на Македонија.Ивана Давидовска, Центар за меѓукултурен дијалог Куманово.