Ал Каеда веќе не е голема закана

Директорот на американската Национална разузнавачка служба Џејмс Клепер.

Директорот на американската Национална разузнавачка служба Џејмс Клепер оцени дека Ал Каеда веќе не претставува голема закана. Сепак, според него, оваа терористичка организација се уште не се откажала од војната против Соединетите Држави. Тој, исто така, смета дека Северна Кореја и Иран се потенцијална нуклеарна опасност.
Претставувајќи го годишниот извештај во американскиот Конгрес за заканите по безбедноста, Џејмс Клепер изјави дека во последниве неколку години Ал Каеда ослабела и оти најверојатно не е способна за напади од пошироки размери. Сепак, тој предупреди на растечките закани од сајбер напади кои би можело да погодат разни структури во земјата.
Се повеќе државата и недржавните актери се здобиваат и користат сајбер експертиза. Тие применуваат сајбер техники и способности за да постигат стратешки цели со тоа што собираат чувствителни информации од јавниот и приватниот сектор.
Џејмс Клепер, Директор на американската Национална разузнавачка служба.

„Се повеќе државата и недржавните актери се здобиваат и користат сајбер експертиза. Тие применуваат сајбер техники и способности за да постигат стратешки цели со тоа што собираат чувствителни информации од јавниот и приватниот сектор.“

Во извештајот на Клепер од 34 страници се наведуваат и разни други закани што ги следат американските разузнавачки служби, вклучувајќи ги и оние од Северна Кореја.
Овие технички унапредувања ја зацврстија нашата проценка дека Техеран има научни, технички и индустриски капацитети за производство на нуклеарно оружје. Главното прашање е дали има политичката волја да го стори тоа. Таквата одлука е на врховниот лидер, а во овој момент не знаеме што тој на крајот ќе реши.
Џејмс Клепер, Директор на американската Национална разузнавачка служба.

„Реториката на Северна Кореја, иако е пропагандно украсена, исто така е показател за нивниот став и можеби нивните намери. Затоа јас сум многу загрижен за она што тие би можеле да го направат и секако, ако така изберат, би можело да иницираат провокативна акција.“

Клепер додаде дека Соединетите Држави не ја познаваат нуклеарната доктрина на Пјонгјанг, ниту условите под кои би било употребено нуклеарното оружје што го поседува таа земја.

„Разузнавачката служба одамна има утврдено дека севернокорејските нуклеарни капацитети се наменети за одвраќање, меѓународен престиж и за дипломатија на сила“, прецизира Клепер, кој задржувајќи се на иранското збогатување ураниум и на тестирањето балистички ракети, оцени дека властите во Техеран се уште немале решено дали да развијат нуклеарно оружје.

„Овие технички унапредувања ја зацврстија нашата проценка дека Техеран има научни, технички и индустриски капацитети за производство на нуклеарно оружје. Главното прашање е дали има политичката волја да го стори тоа. Таквата одлука е на врховниот лидер, а во овој момент не знаеме што тој на крајот ќе реши.“

Според Клепер, Иран не ќе може да произведе високо збогатен ураниум за изработка на атомска бомба, а тоа да не биде откриено.

Кога станува збор за Ал Каеда, тој потсети дека таа терористичка организација од 2008 година претрпела тешки загуби, вклучувајќи го и убиството на лидерот Осама бин Ладен.

„Тие загуби ја ослабија организацијата до толкава мера што таа не е способна да изведе напади од пошироки размери против Западот“, рече Клепер.

Осврнувајќи се врз ситуацијата во Русија, тој оцени дека претседателот Владимир Путин е пред најголеми политички предизвици досега и оти може да се очекува јакнење на затегнатоста поради социјалното незадоволство во земјата.

Сепак, тој додаде дека, и покрај сегашната напнатост меѓу Москва и Вашингтон, Путин и натаму бил подготвен да соработува со Соединетите Држави за некои американски интереси, вклучувајќи ја и стабилизацијата во Авганистан.