ИВЗ ги осудува насилствата и злоупотребата на верски објекти

илустрација

Исламската верска заедница ги осуди последните насилни протести во Скопје и изрази огорченост за насилството на маскирани хулигани против деца. Исламската заедница, како што се наведува во соопштените од кабинетот на поглаварот Реис ул-Улема Сулејман Ефенди, е загрижена од појавата на протести организирани од непознати организатори и што во нив се уништува приватен и општествен имот. ИВЗ особено се противи на злоупотребата на верските објекти како место за собирање за протести. ИВЗ, исто така, бара од органите на редот да ги расчисти сите случаи на насилство и вистинските сторители да бидат изведени пред правните органи.