Претседателот на Венецуела Уго Чавез почина вчера во Каракас по неколкугодишно боледување од рак и серија операции.
Претседателот на Венецуела Уго Чавез почина вчера во Каракас по неколкугодишно боледување од рак и серија операции. Автократскиот популист, кој беше остар критичар на Соединетите Држави, а сојузник со Фидел Кастро и другите левичари од регионот, се претставуваше како заштитник на сиромашните во Венецуела. Меѓутоа, и покрај тоа што Венецуела е една од најбогатите со нафта, огромен број жители на таа земја живеат во сиромаштија.
Уго Чавез, кој стана претседател на Венецуела во 1999 година, беше поранешен генерал, кој сакаше да се поистоветува со латино-американскиот револуционер од 19-тиот век Симон Боливар. Затоа и според моделот на Боливарската револуција, Чавез ја презеде контролата врз владата и економијата, спроведе национализација на големите компании, пред сè, нафтените, со цел да изгради социјалистичка држава.
Уго Рафеал Чавез Фриас е роден во 1954-та година, а по запишувањето на Академијата за воени науки, во 1975-та година влегува во армијата на Венецуела. Чавез им се приклучува на група офицери кои формираат тајна Венецуелска народна армија за ослободување и почнува да се состанува со марксистичките опозициони лидери. Подоцна го формира Боливиското револуционерно движење. Во 1992-ра година, Чавез го предводеше неуспешниот воен удар, по што доби две години затвор, заедно со илјадници негови следбеници. Потоа беше помилуван и формира левичарска политичка партија, наречена Движење петта република. Беше остар критичар на корупцијата меѓу политичката елита, што го доведе и до победа на претседателските избори во 1998-ма година.
Најмладиот претседател на Венецуела во историјата, Уго Чавез, веднаш започна со измени на Уставот со кои беа зголемени овластувањата на претседателот, а го смени и името на државата во Боливарска Република Венецуела. Беше остар критичар на капитализмот и започна многу проекти за сиромашните со што растеше и неговата популарност во земјата.
Во 2009-та година, заедно со либијскиот лидер Моамер Гадафи, Чавез соопшти дека има иста визија.
„Свесни сме за фактот дека пишуваме нови страници од историјата. Ние му се спротивставуваме на империјализмот, на буржоазијата, на колонијализмот од кој страдаат нашите нации во последниве 500 години.“
Чавез беше и често медиумски присутен во јавноста, имаше неделни радио и телевизиски емисии, каде што понекогаш зборуваше и со часови. Медиумите кои не му беа наклонети и групите за човекови права ги нарекуваше марионети на странски влади, а неговите отворени противници имаа прекар Јенки и сојузници на, според него, империјалистичката американска влада.
Во говорот во Обединетите Нации во 2006-та, Чавез го нарече Џорџ Буш – ѓавол.
„Вчера ѓаволот дојде овде и сè уште мириса на сулфур. Претседателот на Соединетите Држави зборуваше овде како да е господар на светот.“
Чавез, кој беше сојузник и со рускиот лидер Владимир Путин, се обидуваше да ги обедини левичарските лидери од Латинска Америка, меѓу кои претседателот на Боливија Ево Моралес и на Еквадор, Рафаел Кореа. Но, и покрај тоа што Венецуела има огромни резерви од нафта, земјата е во рецесија и сиромаштија, за разлика од други јужно-американски држави, каде што има економски раст. Стапките на инфлација и невработеност се едни од највисоките во тој регион, а голем проблем се и енергетската криза и недостигот од храна.
Чавез беше реизбран по трет пат за претседател во октомври 2012-та. Според важечките закони на Венецуела, нови претседателски избори треба да бидат организирани за 30 дена.
Свесни сме за фактот дека пишуваме нови страници од историјата. Ние му се спротивставуваме на империјализмот, на буржоазијата, на колонијализмот од кој страдаат нашите нации во последниве 500 години.Уго Чавез, претседател на Венецуела.
Уго Чавез, кој стана претседател на Венецуела во 1999 година, беше поранешен генерал, кој сакаше да се поистоветува со латино-американскиот револуционер од 19-тиот век Симон Боливар. Затоа и според моделот на Боливарската револуција, Чавез ја презеде контролата врз владата и економијата, спроведе национализација на големите компании, пред сè, нафтените, со цел да изгради социјалистичка држава.
Вчера ѓаволот дојде овде и сè уште мириса на сулфур. Претседателот на Соединетите Држави зборуваше овде како да е господар на светот.Уго Чавез, претседател на Венецуела.
Најмладиот претседател на Венецуела во историјата, Уго Чавез, веднаш започна со измени на Уставот со кои беа зголемени овластувањата на претседателот, а го смени и името на државата во Боливарска Република Венецуела. Беше остар критичар на капитализмот и започна многу проекти за сиромашните со што растеше и неговата популарност во земјата.
Во 2009-та година, заедно со либијскиот лидер Моамер Гадафи, Чавез соопшти дека има иста визија.
„Свесни сме за фактот дека пишуваме нови страници од историјата. Ние му се спротивставуваме на империјализмот, на буржоазијата, на колонијализмот од кој страдаат нашите нации во последниве 500 години.“
Чавез беше и често медиумски присутен во јавноста, имаше неделни радио и телевизиски емисии, каде што понекогаш зборуваше и со часови. Медиумите кои не му беа наклонети и групите за човекови права ги нарекуваше марионети на странски влади, а неговите отворени противници имаа прекар Јенки и сојузници на, според него, империјалистичката американска влада.
Во говорот во Обединетите Нации во 2006-та, Чавез го нарече Џорџ Буш – ѓавол.
„Вчера ѓаволот дојде овде и сè уште мириса на сулфур. Претседателот на Соединетите Држави зборуваше овде како да е господар на светот.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5