Волерс-меѓународната заедница загрижена за насилните настани

Американскиот амбасадор Пол Волерс

Американскиот амбасадор Пол Волерс денеска изјави дека преставниците на меѓународната зедница во Македонија се загрижени за насилните настани што се случија во изминатиов викенд. Волер кој присуствуваше на потпишувањето Меморандум за соработка меѓу Институтот за национална историја и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, рече дека постои итна потреба од такви иницијативи, кои промовираат меѓуетничка хармонија.
Според него, секој меѓуетнички инцидент или обид да се поттикне нетолеранција е лесна можност ситуацијата да се искористи за политички цели, но исто така е можност да се отвори дијалог и да се зајакнат врските меѓу различните заедници.