Поради обилните врнежи од дожд, поголема количина на јаловина се одронила во рудникот Суводол кај РЕК Битола. Опозицијата обвинува дека станува збор за нова хаварија, а од „Електрани на Македонија“ велат дека одронот не го попречил ископот на јаглен, ниту континуираното производство на струја.
Поголема количина јаловинска маса се одрони деновиве во рудникот Суводол во и РЕК Битола како резултат на обилните врнежи дожд. Дел од одронетото земјиште делумно го оштети погонот за движење на багерот КУ 300, кој бил ангажиран на ископ на јаглен. Свлечиштето предизвика реакции кај опозицијата која обвини дека станува збор за нова хаварија во рударско енергетскиот гигант во земјава и тоа на сред грејна сезoна.
„Повторно се случи голема хаварија во РЕК Битола и повторно штетата е милиони денари. Овој пат жртва на лизгањето на земјиштето беше најголемиот јагленосен багер КУ 300 кој делумно е затрупан, онеспособен и оштетен. Зошто со соодветни техники на ископ не се изврши навремено растеретување на критичната локација? Зошто оваа хаварија се случува по втор пат повторно на истото место? Колку овој пат е предизвикана директна или индиректна штета и како тоа ќе се одрази врз идното покачување на цената на струјата“, изјави Миле Јоновски од Комисијата за енергетика при СДСМ Битола.
Од „Електрани на Македонија“ велат дека не станува збор за хаварија, зашто одронот не го попречил ископот на јаглен ниту континуираното производство на струја. Во писмениот одговор од ЕЛЕМ велат дека секојдневно се следела геомеханичката стабилност на теренот од страна на наделжните служби и биле преземни неопходни мерки за евакуација на багерите и другата механизација. Но и покрај тоа дел од одронетата јаловина делумно го оштетила погонот за движење на багерот.
Надлежните велат дека во рудникот засилено се работи на расчистување на свлечиштето и на санација на багерот, што според првичните согледувања се очекува да трае неколку дена. Од РЕК објансуваат дека не е чудно да се одронува земјиште во рудникот кога при крај е неговиот експлоатационен век.
За потсетување ланската година исто така заради обилни врнежи се излизга поголема количина јаглен и јаловина и затрупа дел од транспортниот и системот за одводнување. Пред четири години, пак, во Суводол се одронија 500.000 тони јаглен.
Зошто оваа хаварија се случува по втор пат повторно на истото место? Колку овој пат е предизвикана директна или индиректна штета и како тоа ќе се одрази врз идното покачување на цената на струјата.Миле Јоновски, Комисија за енергетика при СДСМ Битола.