Партиите ќе си бараат „црно под ноктите“

.

Кампања пред се насочена кон политичкиот противник и кон употреба на сите средства за освојување на власта, очекуваат аналитичарите. Партиите, пак, покажуваат со прст на својот политички опонент, а за себе велат дека немаат потреба од такво нешто.
Велат дека ќе бидат фокусирани на локалните теми што од нив го очекува електоратот, но не исклучуваат дека изборната кампања ќе содржи и лични дуели и партиски препукувања. Се разбира, на прашањето дали може да се очекува негативна кампања, партиите се уште покажуваат со прст на својот политички опонент, а за себе велат дека немаат потреба од такво нешто.
Очекувам се, меѓутоа тоа нема да го промени концептот кој ние го имаме поставено во Карпош, да разговараме за делата кои се направени во мојот поранешен мандат и за сите проекти кои имаме намера да ги правиме во иднина.
Андреј Петров, СДСМ.

„Очекувам се, меѓутоа тоа нема да го промени концептот кој ние го имаме поставено во Карпош, да разговараме за делата кои се направени во мојот поранешен мандат и за сите проекти кои имаме намера да ги правиме во иднина“, изјави Андреј Петров од СДСМ.

„СДСМ цело време се обидува да говори со речникот на предвремени парламентарни избори, додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува и ќе продолжи да говори со речникот на локалните потреби и локалните проекти на нашите градоначалници“, вели Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ цело време се обидува да говори со речникот на предвремени парламентарни избори, додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува и ќе продолжи да говори со речникот на локалните потреби и локалните проекти на нашите градоначалници.
Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.

Слично е и во партиите од албанскиот блок. Кампања од врата до врата и кампања која ќе им одолее на провокациите да водат негативна кампања за што посочуваат кон опозицијата, ветува Бујар Османи од ДУИ.

„Ќе се даде извештај за извршената работа во општините кадешто сме биле во минатите четири години, меѓутоа и конкретна програма со проекти и рокови за реализација за наредниот период. Има индикации дека албанската опозиција ќе влезе во негативна кампања во отсуство на конкретна понуда.“

Нема сомневање дека кампањата нема да отстапува од начинот на кој таа се одвивала и при сите досегашни избори, пред се насочена кон политичкиот противник и кон употреба на сите средства за освојување на власта, вели професор Здравко Савески. Со оглед на она што им претходеше на овие локални избори многу е веројатно дека локалните теми нема да бидат во највисокиот фокус на партиите.

„Веројатно една од основните поенти на локалните избори, веќе се насетува, дека ќе биде што точно се договориле власта и опозицијата под меѓународен притисок.“

Сепак, според него, граѓаните конечно треба да бидат свесни за своите потреби и за својата моќ да ги потсетуваат постојано кандидатите за што се тука. Ако кампањата се одвива во директен контакт со нив, ете им прилика, додава Савески.

„Но она што нам ни се случува во нашата земја е поради тоа што имаме премали очекувања од нашите политичари и можеме да се задоволиме со дневно политички препукувања, наместо со визии за локалната заедница. “

Кампањата започна на полноќ и ќе трае до 22 март.