Изборната кампања за претстојните локални избори што ќе се одржат на 24 март започнува на полноќ. Кампањата ќе трае 20 дена, а на 23 март е изборен молк. Собранието вчера го продолжи рокот за доставување кандидатски листи за советници и градоначалници до 8 март. Колкава ќе биде вкупната бројка учесници на овие локални избори се очекува да се знае откако ќе заврши овој рок, кој вторпат се продолжува.
Се очекува ДИК повторно да направи измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати.
Се очекува ДИК повторно да направи измени на роковникот, а исто така по потврдувањето на листите треба да се изврши жребување меѓу новопријавените кандидати.