Евентуалниот договор ветува награда чија политичка вредност е многу поголема од очигледната економска корист. Ова се наведува во коментарот на „Фајненшал тајмс“ во врска со амбициозната одлука на Европската унија и на Соединетите Држави годинава да покренат разговори за меѓусебна трговска либерализација.
Најчесто билатералните трговски договори се меч со две острици: промовираат трговија меѓу две страни, но ја доведуваат во ризик трговијата со некоја трета. Идеално најдобри се мултилатералните договори. Во најновиот конкретен случај, целта е да се интензивира трговијата меѓу двете најголеми економии кои сочинуваат над половина од целата светска економија.
Трговската размена меѓу Соединетите Држави и Европската унија изнесува над 390 милијарди годишно, а доколку се отстранат царините, таа сума би можела да се зголеми за уште 115 милијарди фунти. Но, како што коментира „Фајненшал тајмс“, вистинскиот прогрес помалку ќе биде поврзан со отстранувањето на царинските бариери, отколку со конкретните регулирања на производите како на пример здравствените и безбедносните правила. Но, бидејќи не е можна некоја глобална хармонизација, тогаш целта би требало да биде етаблирање на процеси за заедничко признавање на стандардите на секоја страна.
Од кратењето на царините најмногу ќе искористат потрошувачите, но тоа, пак, ќе ја зголеми конкуренцијата врз домашните производители.
Политичките влогови поголеми од економските
Политичките влогови се поголеми од економските и можеби затоа американскиот претседател Барак Обама избра да ги стави настрана досегашните сомневања во слободната трговија. За него тоа претставува и своевидна лична еволуција во врска со ова прашање. Како кандидат за претседател во 2008 година тој јавно ја критикуваше слободната трговија. Но, денес, во обидот за заживување на американската економија и тоа во услови на кратење на буџетскиот дефицит, тој е за отворен пазар.
Од друга страна, нагласувајќи ја важноста на економските односи со Европа, претседателот Обама се одалечи од неговата заложба кон Азија. Тој со ова им покажа на оние од другата страна на Пацификот дека Соединетите Држави имаат алтернатива преку Атлантикот и оти ја враќаат својата економска моќ. Ако Соединетите Држави и Европската унија можат да се договорат околу нормите за потесна трговија, тие норми ќе бидат дефинитивни и за поголемиот дел од преостанатиот свет.
Пораката дека Западот останува атрактивна страна, способна да ги постави условите за глобална економска интеракција, нема да биде пропуштена од Кина која веќе се чувствува исклучена од Транспацифичкото партнерство.
Ако се презентира како отворен процес во кој принципиелно ќе може да се вклучи секој кој е подготвен да игра според истите правила и високи стандарди, оваа продлабочена трговија би требало да ги инспирира, а не да ги заплашува другите сили, се наведува во коментарот на „Фајненшал тајмс“.
Политичките влогови се поголеми од економските и можеби затоа американскиот претседател Барак Обама избра да ги стави настрана досегашните сомневања во слободната трговија. За него тоа претставува и своевидна лична еволуција во врска со ова прашање. Како кандидат за претседател во 2008 година тој јавно ја критикуваше слободната трговија. Но, денес, во обидот за заживување на американската економија и тоа во услови на кратење на буџетскиот дефицит, тој е за отворен пазар.Фајненшл тајмс.