Со волонтирањето се добива многу повеќе

Марија Јовановска и Сања Стојмановска, волонтери во Клубот на младите при Општинската организација на Црвениот крст во Куманово.

Марија Јовановска и Сања Стојмановска неколку години се волонтери во Клубот на младите при Општинската организација на Црвениот крст во Куманово. Велат дека со волонтирањето се добива многу повеќе отколку со пари.
Марија Јовановска (23) и Сања Стојмановска (22) од Куманово се дел од 40-те активни волонтери од 14 до 24 годишна возраст вклучени во Клубот на младите при Општинската организација на Црвениот крст во Куманово. За општина како што е Куманово бројката не е доволна, велат волонтерите, но се настојува да се мобилизраат уште млади луѓе.
Работиме проекти со лицата со интелектуална попреченост, со Здружението на пензионерите, со стари лица, крводарителство и спортски активности. Семинари, обуки кои се добри за самите волонтери и многу други активности од сите области.
Марија Јовановска, волонтер.

Двете млади девојки најголем дел од своето слободно време го користат во организирање на разновидни активности, во координирање на останатите волонтери во извршување на хуманитарни акции. Велат дека за нив тоа е добра инвестиција во знаењето и искуството, но нивната најголема сатисфакција и задоволство е кога со нивниот ангажман ќе измамат насмевки на лицето и задоволство, дури и среќа кај оние на кои помошта им е само нивното присуство и неколкучасовно дружење. Иако се млади, зад себе имаат безмалку еднодецениски ​волонтерски стаж, за што раскажуваат:

Сања Стојмановска , волонтер во Клубот на младите при Општинската организација на Црвениот крст во Куманово.


„Работиме проекти со лицата со интелектуална попреченост, со Здружението на пензионерите, со стари лица, крводарителство и спортски активности. Семинари, обуки кои се добри за самите волонтери и многу други активности од сите области“, вели Марија.
„Грижа за стари лица во домашни услови. Нашите волонтери ги посетуваат старите лица им помагаат во извршување на домашни услови, плаќање сметки и сл.
Сања Стојмановска, волонтер.

Сања пак се сеќава дека со волонтерството се сретнала уште како основка кога класниот раководител ја испратил во Црвениот крст на предавање за ХИВ сида, потоа заминала на семинар на Пониква и од тогаш цврсто се врзала со волонтирањето.

РСЕ: Како ги мобилизирате новите волонтери? Има ли заинтересирани?

„Има заинтересирани млади луѓе, некои и сами се пријавуваат. “

РСЕ: Какво е чувството?

„Прекрасно е чувството кога знаеш дека помагаш некому кога помошта му е најпотребна, или со твојот вложен труд си израдувал или си направил среќен некого само со своето присуство. Така е со лицата со интелектуална попреченост. Самото наше присуство нив ги прави среќни,а нас уште повеќе,и не е важно дали сме собрале средства да им купиме нешто. Чувство на исполнетост“, вели Марија.

А Сања додава дека освен што подготвуваат заедничка културно-забавна програма со членовите на Здружението на пензионери имаат и проект:

„Грижа за стари лица во домашни услови. Нашите волонтери ги посетуваат старите лица им помагаат во извршување на домашни услови, плаќање сметки и сл.“

Во времето на беспарицата кога секој денар за секого е добредојден, дали волонтерите сметаат дека токму со нивните активности и обуки инвестираат во знаењето?

„Нема парична добивка, но ние добиваме нешто што не може да се плати со пари.Тоа се одредени обуки кои не може да се платат, самодоверба, искуство кое ќе ни помогне понатаму во наоѓање работа, учиме како да комуницираме со луѓе. Со волонтирањето се добива многу повеќе отколку со пари“, вели Марија.