Кандидатите на ДУИ даваат оставки на актуелните функции

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

Функционерите на ДУИ што се кандидати на локалните избори си дадоа оставки за да бидат рамноправни во трката за барање доверба од граѓаните, соопшти партискиот портпарол Бујар Османи, но оти не се успеа во тоа да се постигне меѓупартиски политички консензус за сите да го направат истото. Тој додава дека тоа на некој начин било и барање од меѓународната заедница и од ОБСЕ/ОДИХР. Пратеничкиот мандат денеска не го прифати Хисен Џемаили, кој е носител на советничката листа за општина Тетово од ДУИ, а кандидатот за градоначалник на Дебар, Ружди Лата поднесе оставка од позицијата муфтија на Дебар, информира Османи. Оставки претходно си поднесоа министрите Таута Арифи и Невзат Бејта, кои се кандидати за градоначалници на Тетово, односно на Гостиват и пратенокот Арбен Лабеништа, кој е кандидат за градоначалник на Струга.