Ситуацијата со Слатинското Eзеро и натаму е неизвесна

Попушти браната на Слатинско Езеро

Ситуацијата со Слатинското Eзеро и натаму е неизвесна, пукнатините на земјената браната на вештачката акумулација под притисокот на водата се зголемуваат.
Иако надлежните институции уверуваат дека засега состојбата не е алармантна, сепак ситуацијата на терен укажува дека постои реална опасност од попуштање на насипот и излевање на водата од акумулацијата низ атарот на селата Слатино и Издеглавје, јавува новинската агенција МИА.
Надлежните не успеаја да ги реализираат мерките за празнење на езерото. Нуркачите отворија еден испустен вентил, но после ризичните обиди се откажаа од отворањето на главниот вентил за да се намали притисокот на водата. Вториот вентил, на длабочина од 8 метри, не можел да се отвори поради неисправен механизам.

Браната на Слатинско Езеро

Жителите од загрозените делови на Слатински Чифлик се евакуирани.
Локалното население стравува за своите имоти, најмногу за посевите и земјиделските површини што за најголем дел од нив се единствен извор на егистенција.
Земјено-насипната брана е изградена во 1963 година и во минатото се случувале напукнувања но, никогаш олку сериозни.