„Зошто да не“ е насловена дебитанската книга на Ирена Ристеска што деновиве ја публикуваше книгоиздателството „Панили“ од Скопје. Станува збор за поетска објава со длабоко интимна лирика и за издание кое што е печатено двојазично – на македонски и на англиски јазик.
Сите можеме да направиме нешто само тоа треба со сета жар да го посакуваме. Од таму и насловот на мојата деби книга „Зошто да не“. Ете, јас сум по професија лекар, гинеколог-акушер, и конечно се осмелив да го објавам она што со многу љубов и истрајност, скришум, сите овие години го пишував. Вака Ирена Ристеска, непосредно по промоцијата, го толкува насловот на своето поетско првенче што како издание на книгоиздателството „Панили“ се појави деновиве. Станува збор за објава во која се поместени 53 песни со љубовна лирика напишани главно во последниве две години.
„Оваа книга им ја посветувам на сите оние неизречени чувства што живеат во нас и се плашиме да ги изречеме зошто нивната вистина ќе не фрли далеку од реалниот свет. Ќе не фрли во затворот на неисполнетите сништа. Ќе не уништи. Но факт е дека тие постојат и само бестрашните од самоуништување ја имаат смелоста да ги признаат.“
За поетското пеење на доктор Ристеска, рецензентите ќе забележат дека е „лирско, на моменти огнено и над сè длабоко интимно и дека во него Ерос и Танатос се во еден страстен и нераскинлив танц“.
„Сите сме човечки суштества. Сите имаме потреба од љубов и од еротика, само што јас имав храброст да ја напишам на хартија.“
Ирена Ристеска вели дека поезија пишува од кога знае за себе. Од моментот кога впрочем научила да пишува. Сепак, додава дека тоа била наивна детска лирика која и не се осмелувала да ја сподели со другарчињата. Дури, како што вели, премногу долго и требало за да почне да размислува за своја објава во која едноставно на хартија би ја распослала сопствената душа пред другите. Конечно, сега веќе како жена сигурна во себе и во успешното извршување на професионалните задачи во Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, се решила да преземе поконкретни чекори во однос на сопствените пориви.
„Професијата како лекар си ја сакам и ја работам како што треба. Сепак, имав потреба на некој начин и креативно да се изразам и затоа пишувам. Некој слика, некој фотографира, а јас ете знам да пишувам.“
Инаку, таа е и овластен преведувач од бугарски јазик, автор и на портретот од корицата на нејзината книга „Зошто да не“, која од друга страна е едно од ретките изданија кај нас што се појави двојазично - на македонски и на англиски јазик („Why Not“). Преводот на песните е дело на Зорица Петковска, а поетесата вели дека си пожелува нејзината објава да стигне до што поголем број на читатели и љубители на убавиот збор.
„Мене би ми било мило доколку мојата книга, моите стихови, моите мисли и чувства, ги прочита некој на кој што македонскиот не му е мајчин јазик туку некој друг јазик.“
Кон ова само уште информацијата дека Ирена Ристеска, осоколена од убавиот прием на нејзината деби објава, веќе размислува и за втората, но нагласува дека е прерано да говори за неа оти и покрај одредените постоечки смерници нема да се реши за еден таков исчекор сè додека неколкупати не го преживее она што ќе го откорне од длабочината на својата интима.
Оваа книга им ја посветувам на сите оние неизречени чувства што живеат во нас и се плашиме да ги изречеме зошто нивната вистина ќе не фрли далеку од реалниот свет. Ќе не фрли во затворот на неисполнетите сништа. Ќе не уништи. Но факт е дека тие постојат и само бестрашните од самоуништување ја имаат смелоста да ги признаат.Ирена Ристеска, поетеса.
„Оваа книга им ја посветувам на сите оние неизречени чувства што живеат во нас и се плашиме да ги изречеме зошто нивната вистина ќе не фрли далеку од реалниот свет. Ќе не фрли во затворот на неисполнетите сништа. Ќе не уништи. Но факт е дека тие постојат и само бестрашните од самоуништување ја имаат смелоста да ги признаат.“
„Сите сме човечки суштества. Сите имаме потреба од љубов и од еротика, само што јас имав храброст да ја напишам на хартија.“
Сите сме човечки суштества. Сите имаме потреба од љубов и од еротика, само што јас имав храброст да ја напишам на хартија.Ирена Ристеска, поетеса.