Сојузот на иднината предводен од СДСМ денеска одржува политичка конвенција во Куманово, што ќе се одржи во спортската сала во градот. Во СДСМ најавија дека конвенцијата ќе го означи почетокот на планот за активен бојкот на изборите. Здружената опозиција најавува дека веќе од следната недела ќе продолжи со различни форми на протестни активности кои ќе бидат соодветен одговор на, како што велат, неодговорниот однос на власта.