На денешната прес конференција во Скопје лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски побара локалните избори, наместо на 24 март, да бидат одржани на 24 април, а на 29 септември да се одржат предвремени парламентарни избори. Според него, ВМРО ДПМНЕ ќе треба да ги распише предвремените парламентарни избори доколку на локалните опозицијата предводена од СДСМ освои барем еден глас повеќе од партијата на власт. Како што нагласи Црвенковски, ако овие предлози не бидат прифатени, опозицијата ќе ги бојкотира локалните избори, а нивните пратеници ќе ги достават оставките во Собранието. Доколку предлозите бидат прифатени опозицијата ќе се врати во парламентот.