Бугарските власти денеска депортирале неколкумина членови на делегацијата на палестинското движење на отпорот Хамас, кои престојувале во посета на Бугарија. Ова го јави турската агенција Анадолија, повикувајќи се на изјава на еден од членовите на делегацијата кој додал дека притоа полицијаците употребиле сила. Според него, депоратцијата на членовите на Хамас било резултат од притисокот на бугарски официјални претставници, лојални на израелските власти.