Државниот руски извозник на оружје Рособоронекспорт соопшти дека Москва сè уште испорачува оружје за Сирија и оти нема намера да престане, и покрај граѓанската војна во земјата. Директорот на компанијата Анатолиј Исаикин рече дека испорачуваат против-ракетни одбранбени системи, но не и офанзивно оружје како што се авиони, хелихоптери или оклопни возила. Тој вели дека со извозот не се кршат меѓународните закони и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Русија, која е главен снабдувач со оружје на Сирија, е критикувана од западните и од арапските земји поради поддршката на режимот на претседателот Башар ал-Асад. ОН проценува дека во сиријскиот конфликт досега загинале околу 70 илјади луѓе.